Европа
Зеленски се огласи по бруталните напади врз Украина: „Светот не треба да молчи за она што го прават Русите“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на каналот „Телеграм“ по еден од најжестоките напади врз Киев од почетокот на војната во Украина.
„Светот не треба да молчи за руските напади во Украина, во кои загинаа најмалку 20 луѓе“, рече Зеленкси.
Тој исто така додаде дека детската болница, која беше погодена во нападот, е една од најважните медицински установи во земјата.
„Русија треба да одговара за сите злосторства врз луѓето, децата и човештвото. Многу е важно светот да не молчи за ова, сите да видат што прави Русија“, рече тој.
Да потсетиме, во нападот на Киев утринава загинаа најмалку седум лица, а неколкумина се повредени.
Во нападот беше погодена и најголемата детска болница во Украина, а евакуацијата на пациентите сè уште трае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан: Ниту Русија ниту Украина не сака да ја запре војната
Европската Унија треба поблиску да соработува за пазарните и одбранбените прашања, но не и за политичките прашања, како што е миграцијата, бидејќи големите разлики меѓу земјите го прават тоа невозможно, изјави денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Постојат прашања, дури и егзистенцијални, на кои немаме заеднички одговори, имено војна и мир, миграција, пол, општество базирано на работа, целосно вработување“, рече Орбан на конференција во Италија.
„Ако нè принудите да се здружиме за прашања на кои не се согласуваме, ќе ја расцепите Европската Унија“, рече тој.
Орбан исто така рече дека неговите посети на Киев и Москва на почетокот на оваа година, кои беа критикувани од некои партнери од Европската Унија, доведоа до заклучок дека во овој момент ниту една страна нема намера да постигне мир и да го запре конфликтот.
Унгарскиот лидер смета дека мора да бидат отворени комуникациските линии на двете страни доколку Европа сака да ја прекине војната во Украина. Унгарија, која одржува блиски врски со Русија по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година, го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ во јули.
По преземањето на кормилото, Орбан го посети Киев, а потоа одеднаш и Москва и Пекинг, пред да присуствува на самитот на НАТО во Вашингтон. Неговата самопрогласена „мировна мисија“ наиде на остри критики од некои водачи на ЕУ, кои го оддалечија блокот од неговите постапки.
Националистот Орбан, кој го поддржува Доналд Трамп на претседателските избори во САД во ноември, изјави денеска дека мирот нема да се постигне без отворени линии на комуникација како со Украина така и со Русија.
Европа
Зеленски: Контролираме 100 населби во Русија, побегнаа кога нѐ видоа дека доаѓаме
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика западните сојузници да ги игнорираат црвените линии на Москва и да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел за напади на руска територија, а Вашингтон му вети на Киев дополнителни 250 милиони долари оружје.
Зеленски првпат се појави на редовен собир на украинските сојузници организиран од САД во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Тој се обиде да ја претстави опцијата за напади од долг дострел како уште еден начин да се изврши притисок врз Русија да стави крај на две и полгодишната инвазија.
Тој зборуваше во време на висок ризик за украинските сили, кои почнаа ненадејна офанзива во рускиот регион Курск, а руските сили се фокусирани на заземање на источниот украински град Покровск, клучен логистички центар за воените напори на Киев.
„Мораме да имаме способност од долг дострел не само на окупираната територија на Украина туку и на руската територија за Русија да биде мотивирана да бара мир“, рече Зеленски.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја посочи офанзивата во Курск како пример за тоа како Украина работеше за да преземе иницијатива на бојното поле. „Агресорската армија на Кремљ сега е во дефанзива на свој терен“, рече Остин.
Сепак, се чини дека забелешките на Остин се насочени кон пошироките напори на Западот за одржување на кампањата на Украина за одбивање на руските сили од нејзината територија, вклучително и најавата за дополнителна безбедносна помош од 250 милиони долари.
Германија ќе ѝ испорача на Украина дополнителни 12 самоодни хаубици, изјави германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, на маргините на состанокот на таканаречената група земји Рамштајн, кои го снабдуваат Киев со оружје.
Зборувајќи со новинарите во американската воздухопловна база Рамштајн во западна Германија во петокот, Писториус рече дека хаубиците ќе доаѓаат од индустријата, а не од воените резерви на земјата.
„Злобата на Путин навлегува длабоко. Москва ја продолжува својата офанзива во источна Украина, особено околу Покровск“, рече Лојд Остин. „Путин ги преместува своите војници во Курск, а Кремљ продолжува да ги бомбардира украинските градови и да ги напаѓа украинските цивили“, додаде тој.
Остин презентира статистика за загинатите во војната и рече дека се проценува дека повеќе од 350.000 руски војници биле убиени или ранети. Тој рече дека украинските сили потонале, уништиле или оштетиле 32 брода на руската морнарица и ја потиснале руската црноморска флота кон исток.
Зеленски рече дека околу 6.000 руски војници биле убиени или ранети во украинската офанзива на Курск. „Денес, контролираме површина од повеќе од 1.300 квадратни километри во областа Курск, која опфаќа 100 населени места“, рече Зеленски додавајќи дека руските сили напуштиле голем дел од таа територија. „Тие побегнаа кога ги видоа нашите сили како се приближуваат“, рече Зеленски.
Од друга страна, Москва ги гаѓа градовите во Украина со проектили и беспилотни летала и ги изврши некои од најголемите напади од почетокот на војната. Украинскиот претседател ги повика претставниците на десетина земји на разговорите во Рамштајн да ги исполнат своите ветувања за снабдување на Киев со дополнителна опрема за одбивање воздушни напади. „Значаен број системи за противвоздушна одбрана сè уште не се испорачани“, предупреди Зеленски.
Европа
(Видео) Русите ракетираа украински град, загина маж, а повредени се и три деца
Руските сили денеска го гранатираа градот Павлорад во областа Днепропетровск, при што загина најмалку едно лице, а беа повредени 55. Меѓу ранетите има најмалку три деца, соопштија властите.
Меѓу повредените наводно има две момчиња на возраст од 11 и 4 години и едно деветгодишно девојче. Двајца хоспитализирани жители се во тешка состојба, изјави гувернерот Серхиј Лисак.
Russia has just committed another brutal massacre of our civilian population by launching 5 Iskander/North Korean ballistic missiles onto an apartment block in the town of Pavlohrad.
There at least 50 victims with number rising as rescue efforts continue.
The youngest victim is… pic.twitter.com/en1uOBWzYM
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) September 6, 2024
Според гувернерот, најстарата жртва имала 86 години. Во градот биле пријавени неколку експлозии, а се запалил и стан во повеќекатна зграда. Службите за итни случаи веќе го изгаснаа пожарот и спасија пет лица, изјави гувернерот.
Russian forces launched five Iskander missiles at Pavlohrad in the Dnipropetrovsk Oblast, striking civilian infrastructure. One civilian is confirmed dead, and 55 are injured. As rescue operations continue, the number of victims may yet increase. pic.twitter.com/pTQe6CL5zS
— Iryna Voichuk (@IrynaVoichuk) September 6, 2024
Руските сили ги започнаа нападите со ракети Искандер-М или севернокорејски балистички ракети КН-23 од регионите Воронеж и Ростов, погодувајќи ја цивилната инфраструктура во градот околу 10 часот по локално време, соопшти воздухопловството.