Свет
Зеленски: Тие сфатија дека со војна нема да постигнат ништо

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доцна синоќа преку социјалните мрежи повторно ѝ се обрати на нацијата истакнувајќи дека непријателот е збунет, не очекувал таков отпор во Украина.
„Заврши 19. ден од нашиот отпор, историската војна. Уште еден тежок ден, кој нѐ приближува до победата, го приближува мирот во Украина. Непријателот е збунет како и порано. Тие нѐ очекуваа таков отпор. Тие веруваа во својата пропаганда, која лажеше за нас со децении. Но, тие веќе почнаа да сфаќаат дека со војната нема да постигнат ништо. Тие бегаат од бојното поле, ја напуштаат опремата. Ние земаме трофеи и ги користиме за одбрана на Украина. Руските војници се, всушност, еден од доставувачите на опрема за нашата армија денес. Ова не можеа да го видат ниту во најлошиот сон“, рече Зеленски за време на говорот на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руски војник осуден на доживотен затвор за воени злосторства во Украина

Судот во Украина осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на цивили во Украина. Ова е прва пресуда за воени злосторства од почетокот на конфликтот во Украина.
Заробениот војник Вадим Шишимарин беше осуден за убиството на Александар Шелипов (62) во североисточното село Чупагивка на 28 февруари.
Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека постапил по наредба и побарал прошка од семејството на жртвата.
Украина истражува многу други наводни воени злосторства.
Москва негираше дека нејзините војници биле насочени кон цивили за време на инвазијата, додека Украина вели дека можеби се случиле повеќе од 11.000 злосторства.
Ова судење во Киев се смета за шанса Украина, без сомнение, да докаже дека руски војник убил цивил, без оглед на правилата на војната, пренесе Телеграф.
Свет
Задолжително тестирање за 99 милиони луѓе во кинеската провинција Хенан на секои два дена

Централната кинеска провинција Хенан, една од најнаселените во земјата, воведува задолжителен ПЦР тест за своите 99 милиони жители на секои 48 часа, поради ширењето на епидемијата на Ковид-19.
За разлика од другите земји, Кина продолжува да се бори против коронавирусот со својата стратегија „нулта ковид“, која се состои од карантини и масовни тестирања во случај на само неколку случаи на инфекција.
Таа политика, која е ефикасна во областа на здравството, со само неколку илјади смртни случаи од Ковид-19, според официјалните податоци, тешко се одразува на долгорочното стопанство на земјата, пишуваат медиумите.
За да избегне слична судбина во двата најголеми града во земјата, провинцијата Хенан одлучи да воведе масовно тестирање, надевајќи се дека позитивните случаи ќе бидат откриени и изолирани што е можно поскоро.
На официјалната веб-страница на покраинската влада се вели дека жителите треба да прават ПЦР тест најмалку на секои 48 часа.
Покраината, која се наоѓа на околу 400 километри јужно од Пекинг, досега го избегна последниот епидемиски бран, а во последните денови забележа десетици нови случаи позитивни на вирусот.
Тестирањето ќе започне пред крајот на месецот во главниот град на провинцијата Женгжу, соопштија властите.
Без тестот, жителите нема да имаат пристап до јавниот превоз и јавните места.
Европа
Убиен чувар во амбасадата на Катар во Париз

Во катарската амбасада во Париз денеска е убиен чувар, а во рамките на истрагата е уапсено едно лице, соопшти обвинителството во Париз, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.
„Можеме да потврдиме дека денеска е отворена истрага за обвинението за убиство и дека допрва треба да се утврдат околностите за смртта на чуварот“, соопшти обвинителството, додавајќи дека се уште не е јасно дали оружјето било употребено, пренесува Ројтерс.
Еден чувар е убиен во раните утрински часови во инцидент кој се чини дека нема никаква врска со тероризам, изјавил за Ројтерс извор близок до истрагата, додавајќи дека осомничениот влегол во амбасадата околу 6:30 часот и се скарал со чуварот и му задал смртоносен удар со тупаница.