Свет
Зеленски: Украина е подготвена за размена на Вишински за Сенцов

Украина е подготвена да го размени главниот уредник на „РИА новости Украина“, Кирил Вишински, за Олег Сенцов, осуден од рускиот суд за тероризам во Крим, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува ТАСС.
„Навистина сакаме ова да се случи во блиска иднина, подготвени сме да го размениме Вишински. Сенцов е опција, подготвени сме да го размениме за Сенцов“, рече тој.
Во исто време Зеленски истакна дека Сенцов не е монета за поткусурување.
„Ние би сакале да ги вратиме сите наши политички затвореници, сите наши војници“, појасни тој додавајќи дека размената на Вишински може да послужи како прв чекор на овој пат.
Прес-секретарот на украинскиот претседател, Јулија Мендел, вчера објави дека канцеларијата на украинскиот лидер предложила ослободување на Сенцов и на Вишински, кој останува во притвор во Украина. Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека враќањето на Вишински во Русија би можело да биде прв чекор во нормализацијата на односите меѓу Москва и Киев.
Во 2015 година Олег Сенцов беше осуден за тероризам во Русија. Воениот суд во северен Кавказ го осуди на 20 години затвор под обвинение за формирање терористичка ќелија на Крим и заговор за терористички напади во Крим.
Во пролетта 2014 година членовите на групата извеле два терористички напада во Симферопол: тие ги запалија канцелариите на невладината организација на руската заедница на Крим и регионалната канцеларија на партијата Обединета Русија.
Украинската служба за безбедност го притвори Вишински на 15 мај 2018 година. Тој беше обвинет за предавство и за трговија со оружје. Ако биде осуден, Вишински се соочува со затворска казна до 15 години. Следното рочиште е закажано за 19 јули, неговиот притвор ќе истече на 22 јули. Судиите треба да донесат одлука пред овој датум, во спротивно новинарот ќе биде ослободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин и Ердоган телефонски разговараа за билатералните односи и Сирија

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска преку телефон разговараа за билатералните односи меѓу двете земји и ситуацијата во Сирија, се вели во соопштението на администрацијата на турскиот лидер.
„Разговорите се фокусираа на билатералните односи и регионалните прашања, пред сè на ситуацијата во Сирија“, се вели во соопштението.
Путин и Ердоган се состанаа во Сочи на 22 октомври за да се договорат за меморандум за заедничка акција за решавање на ситуацијата во североисточна Сирија.
Според договорот, руската воена полиција и сириските граничари беа распоредени на 23 октомври во области што се граничат со Русија.
Курдските единици го завршија повлекувањето на 29 октомври.
Регион
По Сараево, и Косово го прогласи Хандке за персона нон-грата

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, истакна дека Питер Хандке, овогодишниот добитник на Нобелова награда за литература, е персона нон-грата во Косово.
„Денес решив да го прогласам Питер Хандке за персона нон-грата во Косово, заради поддршката што му ја даде на Милошевиќ и неговите геноцидни политики во Косово и во Босна и Херцеговина, како и негирањето на геноцидот извршен од страна на Србија. Тој и Нобеловата награда покажаа непочитување кон жртвите на геноцидот”, напиша Пацоли на „Твитер“.
Today I have decided to declare Peter #Handke as persona non-grata in #Kosovo because of the support he gave to Milosevic and his genocidal policies in #Kosovo & #BiH & denial of the genocide committed by Serbia. He & the @NobelPrize showed disrespect to the victims of genocide.
— Behgjet Pacolli (@pacollibehgjet) December 11, 2019
Сараево порано во текот на денот го прогласи Хандке за непожелно лице.
Свет
Трамп вети 738 милијарди долари за одбраната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе потпише законот за одбрана, за кој се предвидени 738 милијарди долари наменети за сите политики од семеен одмор до воени авиони.
„Сите наши приоритети влегоа во НДДА: Зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата армија, граничната безбедност и вселенските сили“, напиша Трамп на „Твитер“ и порача дека Конгресот не треба повеќе да го одлага законот и веднаш да го потпише, пренесе „Ројтерс“.
Двата дома на Конгресот треба да го изгласаат законот за да стапи на сила, но демократите најавија дека ќе гласаат против.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми