Контакт

Свет

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во близина на Јапонија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,4 степени се случи во близина на брегот на јапонската префектура Окинава, соопшти Jапонската метеоролошка агенција, пренесува „Спутник“.

Земјотресот е регистриран во 8:39 часот по локално време (23:39 GMT во вторникот) со епицентар на длабочина од 18,6 милји западно од Окинава. Во извештајот се посочува дека земјотресот не претставувал никаков ризик од цунами.

Јапонија се наоѓа во сеизмички активна зона позната како Огнен прстен и редовно страда од силни земјотреси. Во 2011 година, земјотрес со јачина од 9,0 степени и последователното цунами убија над 15.000 луѓе и ја предизвика катастрофата во нуклеарната централа Фукушима.

Европа

Макрон: Нема да дозволам ниту една земја да нѐ храни со сепаратисти

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека ќе ја ограничи праксата други земји да праќаат имами и учители во Франција, со цел да го запре сепаратизмот.

Тој рече дека постепено ќе го ограничи системот според кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција, додавајќи дека со тие земји постигнал договор освен со Турција.

„Нема да и дозволам на ниту една земја да не храни со сепаратизам’, посочи Макрон.

Според него, ставањето крај на исламскиот конзуларен систем е важен за да се ограничи странското влијание и да се обезбеди почитување на законите во земјата, пренесе „Ројтерс“.

Макрон наведе дека годишно во Франција доаѓаат 300 имами и посочи дека побарал од француските институции кои го претставуваат исламот да обезбедат имамите да се обучуваат на француска територија.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Хубеи 132 нови смртни случаи од новиот коронавирус

Објавено пред

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми за 132, достигнувајќи 1.921, соопшти здравственаta комисија.Во провинцијата се регистрирани 1.693 нови случаи, со што вкупниот број заразени е 61.682.

Најголем број смртни случаи има во главниот град на провинцијата Вухан, за кој се верува дека во него почна ширењето на заразата. Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во градот досега починале 1.487 луѓе од новиот коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Објавено пред

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија, ако биде избран за претседател во ноември, соопшти неговиот изборен штаб.

Популарноста на Блумберг во анкетите расте и тој ќе го направи својот прв настап на дебатата денеска во Лас Вегас.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, претходно рече дека доколку биде избран, тој најверојатно ќе го продаде „Блумберг ЛП“, фирма за финансиски вести, потврди синоќа неговиот штаб.

„Ако биде избран, Мајк ќе ја продаде компанијата“, рече портпаролката Галија Слајен.

Блумберг, кој се квалификуваше за овонеделната претседателската дебата на демократите во Невада за првпат ќе им се спротистави на демократските ривали за кандидатура на претседателските избори, е сопственик на најголемиот дел од компанијата формирана во 1981 година.

Дебатата денеска ќе биде деветта од почетокот на трката на демократските кандидати за претседателските избори на 3 ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и за Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз побара да се отвори европскиот пат за Скопје и за Тирана. Лидерот на СИРИЗА и...

Македонија28 минути

(Видео) Милошоски: Аудио записот што го предадов кај Русковска да биде доказ за „Меѓународен сојуз“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудио запис и транскрипт од материјалот...

Македонија1 час

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот, Оливер Спасовски, на која кажа дека НАТО се подготвуваат...

Свет1 час

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија,...

Свет2 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион2 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа откако превозниците се приклучија на штрајкот околу планираните пензиски реформи. Во исто...

Регион2 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет3 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Регион15 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет16 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија19 часа

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија21 час

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија21 час

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион21 час

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет22 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија22 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија22 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија24 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион1 ден

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет1 ден

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Досие