Свет
Земјотрес ја погоди северна Италија, потресот почувствуван и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди северот на Италија, а беше почувствуван и во Хрватска, од Истра до Задар. Епицентарот бил на 22 километра од Верона.
Felt #earthquake (#terremoto) M4.5 strikes 6 km SE of #Verona (#Italy) 7 min ago. Please report to: https://t.co/lnkkoUOq7c pic.twitter.com/4DSSrC8Ju8
— EMSC (@LastQuake) December 29, 2020
По земјотресот, околу 14 часот, со интензитет од 3,4 степени, следувал посилен потрес со јачина од 4,4 степени. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, регистриран е земјотрес со епицентар на 22 километра од градот Верона на длабочина од девет километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија помалку од 1.700 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.240 лица за коронавирусот, од кои 1.648 биле позитивни, додека починале 20 лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 166 пациенти на апарати за дишење во болниците низ Србија.
Досегашните корона-рекорди се: најпозитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.
Свет
Бајден му го препушти на Сенатот прашањето за отповикување на Трамп

Одлуката за тоа како ќе продолжи процесот на судење на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, новиот американски претседател Џо Бајден ќе му ја препушти на Сенатот, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.
„ Убедени сме дека Сенатот може да ја исполни својата уставна должност додека работи за американскиот народ. Претседателот Бајден ќе им ги остави механизмите, временската рамка и другите детали за тоа како Конгресот ќе го продолжи процесот на отповикување“, рече Псаки на брифингот за печатот во Белата куќа.
Претседателот на Претставничкиот дом, Ненеси Пелоси, сè уште не го испратила текстот за отповикувањето до Сенатот, а според правилата на тоа тело, судењето на поранешниот претседател ќе започне ден по приемот на одлуката за отповикување.
Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволуваат судењето во Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.
Свет
Земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди индонезискиот остров Талауд

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд. Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ) соопшти дека земјотресот се случил на 134 километри североисточно од округот Мелонгуана на островот Талауд. Регистриран е на длабочина од 154 километри.
Засега нема извештаи за можни повредени или материјална штета и не е издадено предупредување за цунами. Земјотресите се вообичаени во Индонезија. Земјотрес со јачина од 7,5 степени и цунами во 2018 година ги погоди заливот Палу и островот Сулавеси, при што загинаа 4.340 луѓе.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот