Свет
Земјотрес ја потресе Алјаска

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди денес Алјаска, објави Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил 475 километри северозападно од Фербанкс, град со речиси 32.000 жители, на длабочина од 34 километри, јави ТАСС.
Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во океан пловеле 3,2 тони кокаин

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, чија вредност е 279,5 милиони евра, кои пловеле во Пацификот.
Се претпоставува дека крајната дестинација на дрогата била Австралија.
На сликата објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот прикачени на сплавови пред заплената, пренесува „Ројтерс“.
„Ова е една од најголемите заплени на дрога во земјата“, рече комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер.
Новозеландскиот царински контролор Бил Пери ја процени вредноста на запленетиот кокаин на 279,5 милиони евра.
Полицијата досега не уапсила никого.
Свет
Ким Џонг Ун заедно со ќерката ја посети војската: На светот му покажа со што располага

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги обиколи војниците по повод 75-годишнината од основањето на севернокорејската војска, придружуван од неговата ќерка Ким Јо Ае.
Во таа прилика тој нагласи дека неговата армија „е сила на која не може да се одолее“, соопшти денеска севернокорејската државна агенција КЦНА.
Неговата ќерка по четврти пат се појави во јавноста заедно со нејзинитe татко и мајка Ри Сол Јо, што ги подгреа шпекулациите дека таа е можен наследник на Ким Џонг Ун, пренесува АП. Севернокорејските државни медиуми често го нарекуваат Ким Ју Ае како „почитуван“ и „сакан“.
Според аналитичарите, одлуката на Ким Џонг Ун да ја одведе својата ќерка на настани поврзани со севернокорејската војска испраќа сигнал до светот дека нуклеарното оружје е најсилната гаранција за континуираното владеење на династијата Ким.
Воената посета доаѓа бидејќи има навестувања дека Северна Кореја се подготвува за голема воена парада во Пјонгјанг. Се очекува на оваа парада Северна Кореја да ги прикаже своите најнови воени достигнувања и напредок во развојот на нуклеарно оружје, што ги загрижува земјите од регионот и САД.
Свет
(Видео) Дeвојче од Сирија спасено од под урнатините по 40 часа

Белите шлемови објавија видео од спасување на девојче од под урнатините.
Девојчето било спасено во сирискиот град Салкин, недалеку од Идлиб, а било заглавено под урнатините дури 40 часа.
Бројот на загинати во Турција и Сирија постојано расте и се менува. Според најновите податоци, досега загинати се 8400, а околу 38.000 се повредени.
Обединетите нации предупредија дека меѓу загинатите може да има илјадници деца.