Свет
Идентификуван напаѓачот во детската градинка во Русија – го убил соседот, му го зел оружјето и тргнал кон градинката

Во пукањето во градинката во Русија убиени се петгодишно момче, шестгодишно девојче и една воспитувачка. Како што утврдила полицијата, пукањето го извршил 26-годишниот Руслан Ахтјамов, кој потоа се самоубил, пишува „Челнинские известија“.
Тој е сосед на 67-годишниот Александар Дронин, на чие име било регистрирано оружјето. Неговото тело е пронајдено во близина на селото Вескајма.
Според прелиминарната верзија, Ахтјамов првин го убил Александар и му го зел оружјето. Потоа отишол во градинкат, каде што смртно ги застрелал воспитувачката и уште две деца по што се самоубил.
⚡ Лайф публикует список погибших в результате стрельбы в детсаду под Ульяновском: https://t.co/ct7YHegvL6 pic.twitter.com/rURkhGomTa
— lifenews_ru (@lifenews_ru) April 26, 2022
Ахтјамов од 2013 година е пријавен во душевна болница и боледувал од растројство на личноста, а татко му го идентификувал. Тој живеел на истата улица каде што се наоѓала градинката. Таткото на Руслан потврдил дека често одел со Дронин да пука во каменолом и дека немал врска со градинката.
Установата немала обезбедување, а според првичните информации, напаѓачот на паузата дошол во градинката со пушка „ИЗ-27“. Полицијата на местото на настанот го утврдува мотивот за злосторството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.