Контакт

Свет

Извлечен потонатиот брод во Дунав, пронајдени нови тела

Објавено пред

Спасувачки екипи од Унгарија и Јужна Кореја утрово го извлекоа потонатиот јужнокорејски брод од Дунав во Будимпешта. Во извлекувањето учествуваат огромни кранови, бродови и спасувачи. За време на операцијата, најмалку две тела се пронајдени и извлечени од остатоците од туристичкиот брод, кој потона минатиот месец.

Нуркачи влегоа во бродот додека кран го извлекуваше кон површината. На утринските фотографии се гледаат кабината и горниот дел од бродот уништени од водата. Спасувачи го пребараа бродот по евентуални жртви заглавени во пловилото и како што пренесуваат светските медиуми, најмалку две тела биле извлечени и пренесени на копно.

Се очекува операцијата да трае неколку часа.

Јужнокорејскиот брод пренесуваше туристи од Јужна Кореја кога се судри со крузер и потона, при што загинаа 20 луѓе, а осум други се исчезнати.

Свет

Трамп: Ако нема решение, санкциите кон Турција ќе бидат разорни

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се обидуваат да најдат решение со Турција по нападот во североисточна Сирија, но додаде дека санкциите против Анкара ќе бидат разорни ако разговорите не успеат.

„Ние сме во одлична позиција. Се надевам дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео имаат успешни состаноци во Анкара. Ако тоа не биде случај, санкциите, тарифите и другите работи што ги правиме и ќе ги направиме кон Турција, ќе бидат погубни за нејзината економија“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Вашингтон.

Трамп во понеделникот ги зголеми даноците на увозот на челик од Турција за 50 проценти и се закани со построги санкции поради офанзивата на земјата во Сирија, додека претставниците на Конгресот најавија воведување санкции спрема Анкара.

Mинистерството за надворешни работи на Турција, пак, денеска соопшти дека подготвува реципрочни санкции против САД.

По состанокот на Владата во Анкара, портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин рече дека на американските власти јасно им е кажано дека Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и дека нема да преговара со курдските борци.

Трамп последниве денови беше критикуван за одлуката да ги повлече американските трупи од североисточна Сирија, што ја отвори вратата за турска офанзива.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Девојче загина во силен земјотрес на Филипините

Објавено пред

Најмалку едно лице загина во силниот земјотрес со јачина од 6,5 степени што денеска ги погоди Филипините, објавија светските медиуми.

Според извештаите, првата официјално потврдена жртва е седумгодишно девојче кое загинало откако се срушила зграда во Тулунан.

 

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ: Подготвен е технички договор за брегзит, на потег е британската влада

Објавено пред

Денеска во Брисел во голема мера беше подготвен привремен технички договор за брегзит и се чекаше сеопшта поддршка, изјави неименуван претставник на Европската Унија.

Тој додаде дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години.

Но, како што рече, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите рекол дека постои можност за постигнување согласност за нов договор за брегзит, но оти сè уште не е постигнат.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија3 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа4 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија6 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија7 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија8 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија8 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет9 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион10 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија10 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет12 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет12 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет12 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион13 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа13 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија23 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет1 ден

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија1 ден

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион1 ден

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Досие