Свет
Извршен директор на руска компанија: СЗО ќе го регистрира „спутник В“ во следните неколку месеци

Прашањето за регистрација на руската вакцина „спутник В“ во СЗО ќе се реши во следните неколку месеци, изјави извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитријев.
„Сè се движи во вистинската насока и прашањето за регистрација ќе се реши во следните неколку месеци“, истакна тој за РБК, пренесува ТАСС.
— Sputnik V (@sputnikvaccine) May 13, 2021
Дмитријев истакна дека пандемијата открива дека на СЗО ѝ недостига лост што ќе влијае на дистрибуцијата на вакцините во светот.
„Се покажа дека на организацијата ѝ недостигаат инструментите за влијание на производствените погони, кои и така се малку“, рече Дмитријев.
Генералниот директор на РДИФ додаде дека оваа пандемија треба да нè научи да бидеме поподготвени за други слични предизвици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Обидот за посегнување на руски имот ќе се смета за грабеж, ќе одговориме

Русија ќе возврати на обидите на Западот да ги заплени руските средства за да и ги предаде на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Обидите за посегнување на рускиот имот и средства ќе се сметаат за грабеж и нема да останат без одговор – изјави таа за новинарите.
Захарова посочи дека не постои правен начин за експропријација на рускиот имот, пренесе ТАСС.
– Се разбира, разбирам дека во светот што сега го наметнува колективниот Запад се е можно, но ако зборуваме за право и правда кои важат со децении, не постои легален начин да се украде нешто од другите и да го земете за себе – нагласи Захарова.
Свет
ФБИ го претресува домот на Бајден

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден вели дека претседателот не барал налог за претрес.
Да потсетиме, минатата есен во приватната канцеларија на Бајден беа откриени доверливи документи, а јавноста за тоа дозна минатиот месец.
Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.
Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон.
Бајден ја искористи канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде беше почесен професор од 2017 до 2019 година, пишува Си-ен-ен.
Во канцеларијата биле пронајдени помалку од десетина доверливи документи, потврдил извор за Си-Ен-Ен.
Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден,пренесе Индекс.хр.
Свет
Американка уапсена во Москва откако прошетала теле низ Црвениот плоштад

Американката Алиша Деј е уапсена денеска и осудена на руски суд откако прошетала теле низ Црвениот плоштад во Москва, објави Ројтерс.
Според руските државни медиуми, Алиша Деј рекла дека го купила телето за да го спаси од колење.
Деј беше казнета со 285 долари за попречување на пешаците за време на нејзиниот незаконски протест и беше осудена на 13 дена затвор поради непочитување на полициската наредба,пренесе Танјуг.