Свет
Издадено итно предупредување за Американците ширум светот

Бирото за конзуларни прашања на Стејт департментот ги предупреди Американците ширум светот на закани од терористички напади и насилство врз американските граѓани и интереси во странство.
– Стејт департментот и понатаму е загрижен за континуираната закана од терористички напади, демонстрации и други насилни дејства против американските граѓани и интереси во странство. Стејт департментот верува дека постои поголем потенцијал за антиамериканско насилство со оглед на смртта на Ајман ал Завахири на 31 јули 2022 година, се вели во предупредувањето.
Worldwide Caution: We remain concerned about the threat of terrorist attacks and violence against U.S. citizens and interests overseas. We believe there is higher potential for anti-American violence given the death of Ayman al-Zawahiri on July 31, 2022. https://t.co/ad8wyvaNlT pic.twitter.com/R0t1eSGo0Q
— Travel – State Dept (@TravelGov) August 3, 2022
Понатаму се додава дека сегашните информации сугерираат дека терористичките организации продолжуваат да планираат терористички напади против американските интереси во повеќе региони низ светот.
– Овие напади можат да користат широк спектар на тактики, вклучувајќи самоубиствени операции, атентати, киднапирања и бомбашки напади – се додава во соопштението, пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Франција ја прекина воената соработка со Нигер, повлекува 1.500 војници

Франција ќе ја прекине воената соработка со Нигер и ќе ги повлече своите 1.500 војници од таа африканска земја до крајот на годината по воениот удар во септември, изјави денеска францускиот претседател, Емануел Макрон.
Одлуката е удар за француските антитерористички операции во регионот Сахел, како и за француското влијание во регионот, но Макрон рече дека „пучистите нема да ја држат Франција како заложник“.
„Франција одлучи да го повлече својот амбасадор и да ја прекине воената соработка со Нигер“, рече Макрон во интервју за француските телевизиски станици TF1 и France 2.
Францускиот претседател додаде дека се’ уште го смета демократски избраниот претседател Мохамед Базум, кој беше затворен од пучистите, за легитимен лидер на земјата и дека го известил за својата одлука.
Регион
Обвинителството во Косово: Уапсените ќе одговараат за тероризам

Специјално обвинителство на Косово вечерва соопшти дека за нападот врз косовската полиција се приведени шест лица кои се осомничени за повеќе кривични дела, а едно од нив е тероризам.
„Станува збор за напад врз уставниот поредок на Косово, подготовка на терористички акти или криминални дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Косово, поседување, контрола или неовластено поседување оружје“, соопшти обвинителството.
Исто така, обвинителството објави дека во денешната акција се запленети возила со значително количество оружје.
На приведените им е одреден притвор до 48 часа, соопшти обвинителството, пренесе Коха.
Регион
Ковачевски апелира на деескалација во Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи со коментар по денешните престрелки на северот на Косово апелирајќи на деескалација и осудувајќи ги настаните.
Ковачевски нагласи дека со голема загриженост се следи состојбата во Косово и се во постојана координација со сојузниците. Премиерот изрази целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои, како што вели, се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот.
Во однос на безбедносната состојба во Македонија, Ковачевски уверува дека граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања.
„Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија“, рече Ковачевски.
Премиерот повика на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања на мирен и демократски начин. Клучно е, вели тој, забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, како единствен начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни.