Свет
Израелската армија тврди дека убила терорист на Хамас
Израелската армија (ИДФ) вечерва соопшти дека во напад го убила Абед ал Зериеи, терорист на Хамас, кој, како што велат, ја запрел хуманитарната помош која требало да стигне до цивилите во Газа.
🔴ELIMINATED: Abed Al-Zeriei—a Hamas terrorist who stopped humanitarian aid from reaching Gazan civilians.
Al-Zeriei was involved in the Manufacturing Department of Hamas’ Military Wing and Hamas’ Minister of Economy in Gaza.
He had a significant role in directing Hamas'… pic.twitter.com/MAQTGxgOa4
— Israel Defense Forces (@IDF) August 5, 2024
„Ал Зериеи беше вклучен во Одделот за производство на военото крило на Хамас и министерот за економија на Хамас во Газа.
Тој одигра значајна улога во насочувањето на напорите на Хамас да ја преземе контролата врз хуманитарната помош што влегува во Газа и во управувањето со пазарите под контрола на Хамас. Покрај тоа, тој беше одговорен за дистрибуција на гориво, гас и средства за терористички цели“, соопшти ИДФ.
Израелска армија: Го убивме командантот на баталјон на Хамас
Израелската армија објави и дека во нивниот напад е убиен Џабер Азиз, командантот на баталјонот Ал Фуркан на Хамас. Тие велат дека тој бил убиен за време на напад врз командните и контролните центри на Хамас во градот Газа.
„Тој беше вклучен во планирањето на масакрот на 7 октомври“
„Азиз беше командант на баталјонот Ал-Фуркан на Хамас од 2020 година, откако претходно служеше како заменик командант на баталјоните Ал-Фуркан и Зајтун и како командант на баталјонот Зајтун.
Цел на нападот биле терористи кои дејствувале во училиштата Хасан Саламе и Насер.
Тој одигра значајна улога во планирањето на масакрот на 7 октомври и водеше бројни терористички напади против ИДФ и Израел“, велат од ИДФ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нивото на Дунав расте, Будимпешта се подготвува за поплави – објавена мапа од движењето на циклонот
Циклонот Борис стигна до централна и источна Европа носејќи поплави, снег и силни ветрови.
Додека Унгарија се наоѓа на силен удар на циклонот Борис, Будимпешта се подготвува за зголемување на нивото на Дунав и за најголемите поплави во последната деценија.
View this post on Instagram
„Хунгаромет“ на својата страница на „Инстаграм“ објави видео од циклонот. Како што пишуваат „тоа што недостигаше цело лето, циклонот го надополни за три дена, со претерување“.
Мапата за движење на циклонот покажува како се движи над Унгарија.
Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачони, најави дека поради претстојниот најголем бран поплави во деценијата, нивото на подготвеност за заштита од поплави е подигнато на три. Еве ги најважните мерки:
Долните брегови на Будим и Пешта се затворени од 20 часот.
Паркираните автомобили мора да се отстранат до пладне или ќе се влечат.
Во вторник наутро се очекува Дунав да го премине нивото на долниот брег.
Подготвени се милион вреќи со песок.
Од вторник во заштитеното подрачје ќе може да влезат само возилата што учествуваат во одбраната, а сообраќајот на пешаците ќе им биде ограничен.
Трамвајскиот сообраќај по должината на крајбрежјето ќе биде ограничен.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан најави дека ги откажува сите меѓународни активности.
Свет
Маск: Никој не се обидува да ги убие Бајден или Камала, зошто сакаат да го убијат Трамп
Илон Маск го привлече вниманието на отсуството на какви било обиди за убиство на американскиот претседател Џо Бајден или Камала Харис, а претседателскиот кандидат на Републиканската партија и поранешен претседател Доналд Трамп веќе двапати беше цел на атентат.
„Никој не се обидува да ги убие Бајден или Камала. Зошто сакаат да го убијат Доналд Трамп?“, напиша Маск на „Икс“.
Федералното биро за истраги синоќа соопшти дека го истражува пукањето во близина на теренот за голф на Трамп на Флорида и дека случајот се третира како обид за убиство на поранешниот претседател.
Американската тајна служба потврди дека нејзин агент отворил оган врз вооружен маж на терен за голф.
Осомничениот Рајан Раут побегнал кога испукал неколку куршуми во својот автомобил, но бил забележан од сведок, кој ги фотографирал неговиот црн теренец „нисан“ и регистарската табличка.
Свет
(Видео) Објавена снимка од поплавениот автопат кај Виена
Неколку реки во централна Европа се излеаја денеска предизвикувајќи смроносни поплави од Полска до Романија. Пограничните области меѓу Чешка и Полска беа силно погодени во текот на викендот.
Некои мостови се урнаа и беа уништени куќи, а села и градови во источна Романија беа потопени.
Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу главниот град Виена и на границата со Чешка, за област на катастрофа. На социјалните мрежи се шират снимки од автопатот кај Виена, кој е целосно под вода.
Eine neue Aufnahme von der Südautobahn A2, vermutlich bei Wiener Neudorf 😯#AustriaFlood pic.twitter.com/pL1yrDseUZ
— uwz.at (@uwz_at) September 15, 2024
Портпаролот на противпожарната станица утринава изјави дека ситуацијата била мирна во текот на ноќта. Но, до утре во земјата се очекуваат дополнителни 60 литри дожд на квадратен метар, изјави државен претставник.
Метеоролозите на јавната телевизија ОРФ предвидоа уште повеќе врнежи во одредени делови на Австрија, како Тирол и источниот дел на земјата.
Неколку стотици луѓе се спасени од поплавите во Долна Австрија, соопштија противпожарните служби. Пожарникар загинал во неделата додека вадел вода од подрумот. Иако нивото на водата се намали во Виена, денеска имаше огромни проблеми во јавниот превоз и повеќето линии на метрото во градот со два милиона жители само делумно функционираа.