Свет
Израелскиот министер за одбрана во карантин поради страв од коронавирусот

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, објави дека ќе се изолира затоа што бил загрижен поради неодамнешниот контакт со лице заразено со коронавирус.
Ганц, кој е и алтернативен премиер на Израел, рече дека се чувствува добро, но дека ќе биде изолиран поради чувството на одговорност, пренесува АП.
Тој додаде дека ќе работи од дома сè додека не ги добие резултатите од тестот на коронавирус и додека не заврши епидемиолошката истрага.
Ганц го рече тоа во време кога Израел се бори со нов бран инфекции.
Израелската влада оваа недела повторно воведе низа реструкции за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Беше решено да се ограничат собирите и да се нареди повторно затворање на салите за прием, рестораните, баровите, театрите, фитнес-центрите и базените.
Во Израел 32.714 луѓе се заразени со коронавирусот, а 343 лица починале, според „Ворлдметерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија прва во ЕУ ќе почне да користи третман со антитела на пациенти со Ковид-19

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, кој му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да оздраве од Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.
„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат распоредени во универзитетските болници следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ќе ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.
Шпан не откри кој е производителот што ќе ги доставува лековите, но потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп.
„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Овие антитела може да им помогнат на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија на болеста“, рече Шпан.
Свет
САД го критикуваа насилството на протестите во Русија, Кремљ предупреди на мешање во внатрешните работи

Американски официјални лица го критикуваа полициското насилство врз демонстрантите во Русија, по што Кремљ ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Русија.
Непосредно пред почетокот на протестот во Москва, Амбасадата на САД издаде соопштение во кое се наведува дека „САД го поддржуваат правото на сите луѓе на мирен протест и слобода на изразување“, но дека „чекорите преземени од руските власти ги потиснуваат тие права“.
Набргу потоа, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, ги осуди полициските активности што резултираа со апсење на близу 3.500 лица ширум Русија, повикувајќи ги властите да го ослободат Алексеј Навални и веродостојно да го испитаат неговото труење.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Русија, изјавувајќи за руската национална телевизија дека изјавите се несоодветни и дека американските официјални лица се мешаат во внатрешните работи.
Десетици илјади луѓе вчера излегоа на улиците во Москва, Санкт Петербург и другите поголеми градови во знак на поддршка на Навални, кој беше уапсен пред една недела по враќањето во Русија. Претходно тој беше отруен и се лекуваше во Германија.
Според извештајот на групата ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, пријавени се 3.430 апсења низ целата земја.
Регион
Во Србија 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале, а тестирани се 7.549 лица.
Од почетокот на пандемијата во Србија, вкупно 383.603 лица се разболеле од ковид-19, а 3.886 лица починале.
Српската влада денеска објави дека досега повеќе од 200.000 лица се вакцинирани против коронавирус, како и дека повеќе од половина милион граѓани се регистрирале за вакцинација преку системот за е-влада.
Српските медиуми јавуваат дека се формираат долги редови пред зградата на Саемот во Белград, каде што се врши вакцинација.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот