Контакт

Свет

Израелски професор: Колективниот имунитет не е неопходен во борбата против Ковид-19

Објавено пред

Израелскиот професор Ран Балицер објави дека Израел ќе се врати во нормалниот живот што постоел пред пандемијата на коронавирус уште пред да достигне колективен имунитет.

„Колективниот имунитет не е потребен за да се постигнат драматични резултати“, рече Балицер, директор на Институтот за истражување Клалит, на денот кога бројот на Израелци што примиле две дози од вакцината надмина 50 проценти, односно 4.656.000 од вкупно 9,3 милиони жители.

Тој смета дека колку повеќе се намалува бројот на новозаболени лица за еден ден, толку е поголем ефектот врз индиректната заштита.

„Кога се вакцинираат 60 проценти од популацијата, доволно е стапката на инфекција да се намали. Тоа, заедно со носењето маски и физичкото дистанцирање, ќе ја намали стапката на инфекција“, рече тој.

Во Израел една третина од населението е на возраст под 16 години и не може да прими вакцина сèдодека не се смета безбедна за децата.

Свет

Песков: Путин самиот ќе објави дека ја примил втората доза нa вакцина против коронавирус

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе објави дека ја примил втората доза на вакцина против Ковид-19, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот ќе добие втора доза. Тој ќе ја информира (јавноста) за втората доза, исто како што направи со првата“, изјави портпаролот на Кремљ.

На 10 април, Песков за ТАСС изјави дека Путин сè уште не ја примил втората доза на вакцината.

Рускиот лидер ја прими првата доза на 23 март.

Тогаш не беше откриено која вакцина ја примил Путин, а неговиот претставник ја објасни одлуката со фактот дека сите три руски вакцини се ефикасни и безбедни.

Три вакцини против коронавирусот се регистрирани во Русија – спутник В, ЕпиВакКорона и КовиВак. Сите три се даваат во две дози.

Прикажи повеќе...

Свет

САД: Се бара прекин на имунизацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи на згрутчување на крвта

Објавено пред

Центрите за контрола и превенција на болестите и Американската администрацијата за храна и лекови на САД препорачуваат САД да ја паузираат употребата на вакцината против коронавирусот на „Џонсон и Џонсон“ поради шест пријавени случаи на редок и тежок вид крвно згрутчување.

Шест пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози вакцини на „Џонсон и Џонсон“ применети во САД. Сите шест случаи се случиле меѓу жени на возраст од 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6-13 дена по вакцинирањето, се вели во заедничката изјава на д-р Ана Шухат, заменик-генерален директор на ЦДЦ, и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за процена и истражување на биолошките лекови на ФДА.

„ЦДЦ в среда ќе свика состанок на Советодавниот комитет за имунизациски практики (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и процена на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението. „ФДА ќе ја разгледа оваа анализа бидејќи ги испитува и овие случаи. Додека не заврши оваа постапка, препорачуваме прекин на употребата на оваа вакцина од претпазливост“.

Прикажи повеќе...

Регион

Стано: Позицијата на ЕУ за Западен Балкан е многу јасна, нема што да се менува

Објавено пред

Позицијата на Европската Унија е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите, нема ништо што треба да се промени, рече денес портпаролот на Европската комисија, Пeтeр Стано, одговарајќи на новинарско прашање за наводниот нон-пејпер, документ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој, според некои медиуми, тој веќе го има испратено во Брисел.

Европската комисија соопшти дека тие не знаеле за ваков документ и дека медиумите треба да ги контактираат словенечките партнери или Европскиот совет, до чиј претседател наводно бил испратен документот, пишуваат агенциите.

„Не сме примиле, виделе или знаеле за таков нон-пејпер, па затоа нема да коментирам нешто што е претпоставена тема на тој документ и за кое велите дека се граници“, рече Стано на брифинг со новинарите.

„Овде нема што да се смени. Позицијата на ЕУ е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите. Нема ништо што треба да се смени тука. Треба да работиме на регионална соработка, помирување, тоа е логиката на процесот на пристапување“, рече Стано додавајќи дека сите можни отворени прашања меѓу земјите во регионот треба да се решат во процес што не навлегува во опасни зони придржувајќи се кон до законите и принципите на ЕУ.

Самиот Јанша ги негира обвинувањата велејќи дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека било тешко да му предаде што и да било во февруари или март годинава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Притворот на Мијалков истекува за две недели, Обвинителството бара нов поради опасност од бегство

Бидејќи притворот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој му е одреден во предметот „Таргет-Тврдина“ истекува за две недели, а...

Македонија1 час

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа2 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија3 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ3 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа4 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет5 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија5 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет5 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион6 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа6 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион19 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет20 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ22 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија22 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет24 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија1 ден

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија1 ден

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Досие