Контакт

Свет

Израел и Газа се блиску до нова војна, смета ЕУ

Објавено пред

Газа и Израел се опасно блиску до нова војна по неодамнешниот конфликт, предупреди Европската Унија и порача дека на опасност се изложени и животи на цивили.

„Ескалацијата на насилството од претходните денови опасно ги приближува Газа и Израел кон нова војна. Први приоритети се да се задржи прекинот на огнот и заштитата на цивилите“, изјави портпаролката на одделението за надворешна политика на ЕУ.

Палестински болничар денес беше убиен за време на протести на границата на Израел и Газа. Во ноќта меѓу среда и четврток избувнаа најтешките конфликти по војната во 2014 година.

ЕУ како неприфатлив го оцени ракетниот оган со кој Хамас стрелаше врз позиции во јужниот дел на Израел, а осуди и други насилни и провокативни акции на Хамас и другите палестински милитанти против Израел. Израел, пак, го повика на воздржаност.

„И покрај тоа што има право да се брани, од Израел се очекува да покаже воздржаност и да направи сè за да се избегнат цивилни жртви во Газа“, смета ЕУ. Исто така, беше изразено и жалење поради трагичната загуба на бремената Палестинка и нејзиното дете.

Свет

Траект во Англија се судри со две јахти

Објавено пред

На островот Вајт во јужна Англија дојде до поморска несреќа, кога траект во обид да пристигне до пристаништето, удри во две јахти, а крајбрежната стража трага по лице кое наводно барало помош.

Крајбрежната стража соопшти дека сите 56 патници се добри и безбедни, но дека спасувачките чамци вршат потрага, откако било пријавено дека се слушнало како некој бара помош, пренесе „АП“.

Компанијата Ред Фјунел во чијашто сопственост е траектот соопшти дека работниците работат на поправка на пловилото.

Прикажи повеќе...

Регион

Тачи: Припојувањето на Прешевската долина кон Косово е идеја на САД

Објавено пред

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави синоќа во најгледаната шоу програма „Оксиџен“ која се емитува на косовската телевизија (КТВ) дека инсистирањето за припојување на Прешевската долина кон Косово е идеја на Соединетите американски држави.

„Оваа идеја, поточно корекцијата на границите за припојување на Прешево, Бујановац и Медвеѓе кон Косово, ми ја предложија САД“, рече Тачи, и појасни дека идејата дошла од некои советници, но не наведе за кои станува збор.

Додаде дека возвратил оти е подготвен на тоа доколку размислуваат сериозно, а тие тоа го потврдиле.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Пожарникар загина во поплавите во јужна Шпанија

Објавено пред

Обилните врнежи од дожд кои ја погодија јужна Шпанија и доведоа до поплави, одземаа и еден човечки живот, објавија шпанските власти, додавајќи дека станува збор за пожарникар.

Службата за итни случаи во јужниот дел на Андалузија соопшти дека пожарникарот исчезнал кога неговиот камион се превртел на поплавениот пат за време на силниот дожд минатата ноќ, објави АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грција, денеска од Солун, каде...

Македонија4 часа

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија6 часа

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет6 часа

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија7 часа

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија8 часа

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Македонија21 час

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија22 часа

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Македонија24 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија1 ден

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија1 ден

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија1 ден

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија1 ден

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија1 ден

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија2 дена

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија2 дена

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија2 дена

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Досие