Свет
Израел нападна позиции на Исламски џихад во Сирија
Двајца припадници на палестинската група Исламски џихад загинаа во напад на Израел врз Дамаск, соопшти денеска групата.
Нападот се случил кусо пред полноќ кога израелски авиони гаѓале позиции на Исламски џихад во Сирија, откако групата се судри со израелските сили околу Појасот Газа, пренесе „Ројтерс“.
Сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, информира дека израелските авиони влегле во воздушниот простор на Сирија и гаѓале области околу Дамаск.
Според информациите на воените извори, повеќето од ракетите биле уништени пред да ги погодат целите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици
Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.
Синоќа биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторник до главната станица во Линц, а во понеделник до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин на неколку часа.
Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.
Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.
Европа
Украина: Со американски проектил уништивме руски радар вреден 100 милиони долари
Војската на Украина денеска соопшти дека користела американски балистички ракети ATACMS за напад на руска радарска станица за да ја намали способноста на силите на агресорот „да откриваат, следат и пресретнуваат балистички цели“.
Во соопштението објавено на каналот на Телеграм, армијата не прецизираше кога и каде е извршен нападот на радарската станица Небо-М.
„Уништувањето на радарот „Небо-М“ ќе создаде поволен воздушен коридор за ефикасно користење на крстосувачките ракети Storm Shadow и SCALP-EG“, се вели во соопштението, во врска со идната употреба на британските и француските ракети со долг дострел.
Украинската војска соопшти дека верува оти Русија има уште 10 такви радарски системи, од кои секој се проценува дека чини повеќе од 100 милиони долари.
Соединетите Држави испратија проектили со долг дострел ATACMS во Украина оваа пролет, а советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан тогаш изјави дека Украина се обврзала да го користи оружјето само на нејзина територија.
Регион
Пет училишта во Сараево добија дојава за бомба: во тек е евакуација и увид
Денеска, во пет училишта во Сараево пристигнале дојави за подметнати бомби, потврди портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Како што пренесува сараевскиот портал „Кликс“, извештаите за поставени бомби стигнале до Високата музичка школа, Гимназијата „Обала“, Средното училиште за применета уметност и Електротехничкото училиште за енергетика.
Дополнително, пишува „Кликс“, читателите ги информирале дека дојава за бомба била поставена и во училишниот центар „Маариф“ во Мојмил.
Полицијата во моментот е на терен. Во некои училишта сè уште е во тек евакуацијата на персоналот и учениците.