Свет
Израел сака да биде меѓу првите коишто ќе ги вакцинираат речиси сите граѓани

Израел има намера да стане една од првите земји во светот што ќе го вакцинираат мнозинството од населението против коронавирус, пишува лондонски „Гардијан“. Вакцинацијата во Израел почна минатата недела, а се планира поголемиот дел од популацијата со зголемен ризик да биде вакцинирана до крајот на јануари.
Доколку дозите на вакцината „Фајзер“ се достават на време, поголемиот дел од популацијата, освен деца под 16 години, ќе се вакцинираат во текот на март следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бајден го претстави пакетот помош, за секој Американeц чек од 1.400 долари

Идниот претседател на САД, Џозеф Бајден, го претстави предлогот на стимулативниот пакет, наведувајќи дека се потребни смели инвестиции за да се започне економијата и да се забрза дистрибуцијата на вакцините, со цел да се стави коронавирусот под контрола.
„Кризата со длабоко човечко страдање е пред нашите очи и нема време за губење“, рече Бајден за време на говорот во Делавер во ударниот телевизиски термин, додавајќи дека мора да се преземе акција веднаш, јави „Гласот на Америка“.
Пакетот помош вклучува 415 милијарди долари за поддршка на одговор на вирусот и дистрибуција на вакцини, околу 1.000 милијарди за директна исплата на американските домаќинства и близу 440 милијарди за мали и средни претпријатија и заедници кои се особено погодени од пандемијата.
Чековите за семејствата треба да бидат 1.400 долари по лице, покрај 600-те долари по лице што Американците веќе ги добиле од последниот пакет помош, што беше усвоен од Конгресот. Дополнителното осигурување за невработените исто така би се зголемило од 300 на 400 американски долари неделно и ќе продолжи до септември.
Претставници на преодниот тим изјавија дека планот на Бајден ќе биде пакет помош по кој ќе следува друг сличен пакет за неколку недели.
Свет
Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Тој исто така изјави дека цело болничко крило со пациенти починало откако тие останале без кислород за дишење, пренесува „Гардијан“.
Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро.
Манаус, најголемиот град во државата Амазон, беше едно од местата најмногу погодени од првиот бран на епидемијата во април минатата година, каде што властите биле принудени да копаат масовни гробници за мртвите, тврди британскиот весник.
„Ние сме во состојба на екстремна катастрофа… како земја која изгубила во војна“, рече тогаш Лима.
Според „Гардијан“, на 22 декември имало 39 погреби во целиот град Манаус, додека во средата е соборен нов рекорд четврти ден по ред, со 198 погреби.
Во саботата имало 130 погреби, 144 во неделата, 150 во понеделник и 166 во вторник, додава лондонскиот весник.
„Овие бројки покажуваат кристално јасно дека сме сведоци на експлозија на смртност од Ковид-19, што е дури и поголема од онаа од првиот бран“, рече Лима.
Извештаите во бразилските медиуми од четвртокот велат дека неколку јавни болници останале целосно без кислород.
Свет
Во Кина најголем број новозаболени од 1 март досега

Официјални лица во Кина објавија најголем број нови дневни случаи на Ковид-19 во последните 10 месеци, а поради тешката епидемиолошка состојба на североистокот на земјата, повеќе од 28 милиони луѓе се во карантин.
Вкупно 144 нови случаи на Ковид-19 се пријавени во Кина во четвртокот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, што е најголема дневна бројка откако 202 случаи се забележани на 1 март минатата година, пренесува „Ројтерс“.
Државната комисија соопшти дека има 135 нови случаи на локални инфекции, од кои 90 се во провинцијата Хубеи во близина на Пекинг, која беше најтешко погодена во последниот бран.
Други 43 случаи се пријавени во североисточната провинција Хеилонгјанг, а провинциите Гуангкси и Шанкси пријавиле по еден нов потврден случај.
Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 87.988, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.635.
Новиот бран на Ковид-19 доаѓа во моментот кога тим од истражувачи на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнува во Кина за да го утврди потеклото на пандемијата во која досега загинаа речиси два милиони луѓе ширум светот.
Делегацијата на СЗО, која доцнеше со доаќањето поради одбивањето на Пекинг да им дозволи влез во земјата, вчера се соочи и со проблем, бидејќи двајца членови на тимот беа запрени во Сингапур, откако тестовите покажаа дека имаат антитела, додека останатите од делегацијата беа ставени во карантин во Вухан, каде што ќе престојуваат две недели, по што ќе започне истражувањето.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира