Контакт

Свет

Изјава на Бил Гејтс за вакцините предизвика бран критики во јавноста

Објавено пред

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот и најмоќен филантроп, се најде на удар на критики откога рече дека ќе ги повлече патентите за технологијата за вакцини против Ковид-19 и ќе ги сподели рецептите со светот за да ги зголеми производството и дистрибуцијата – и покрај зголемените меѓународни повици тоа да се стори – беше лоша идеја.

Прашан директно за време на интервјуто за „Скај њуз“ дали смета дека ќе помогне ако се споделат рецептите за вакцини, Гејтс бргу рече „не“.

Основачот на „Мајкрософт“, чие богатство е 131,3 милијарда долари (според „Форбс“), во голема мера се потпира на законите за заштита на интелектуалната сопственост што ги искористија неговите иновации во софтверот и тој објасни зошто неговиот одговор е негативен.

„Има толку многу фабрики за вакцини во светот и луѓето се многу сериозни во врска со нивната безбедност. Затоа, пренесување нешто што никогаш претходно не било сторено – преместување на вакцината, на пример, од една фабрика (‘Џонсон и Џонсон’) во друга во Индија – е новина – такво нешто може да се случи само поради нашите грантови и експертиза“, рече тој.

Гејтс зборуваше за фабриката за серум во Индија, најголемата ваква институција во земјата, која има договори со компанијата „Астра зенека“ за производство на нивните вакцини против Ковид-19, меѓународно позната како „ковишилд“.

Сепак, она што ја спречува горенаведената идеја за дистрибуција на вакцини не е интелектуална сопственост, пишува Salon.com.

Сепак, активистите за промени во заштитата на интелектуалната сопственост во Светската трговска организација кога станува збор за вакцините против Ковид-19 остро го критикуваа милијардерот за одбрана на состојбата статус кво.

Свет

САД: Кина вo 2015 година планирала да го употреби САРС како биолошко оружје

Објавено пред

Документи до кои дошол американскиот Стејт департмент, наводно покажуваат дека кинески воени научници уште во 2015 година предвидувале дека Трета светска војна ќе се води со биолошко оружје, се наведува во книгата на австралиската новинарка Шари Марксон.

Американски официјални лица добија документи кои ги напишале воени научници и високи кинески службеници за јавно здравје во 2015 година, како дел од нивната лична истрага за потеклото на Ковид-19. Во нив кинеските научници го опишуваат коронавирусот САРС, кој е сличен на Ковид-19, како најава за „нова ера на генетско оружје“. Тие се фалат дека со вирусите може „вештачки да се манипулира во нов вирус на човечка болест, а потоа со оружје и ослободување на начин кој не бил видел порано“.

Кина долго време беше обвинувана за прикривање информации на почетокот на пандемијата, во смисла дека Комунистичката партија манипулираше со податоци за бројот на заразени лица и смртни случаи, а истовремено ги негираше информациите до Светската здравствена организација.

Повеќето научници тврдат дека нема докази дека Ковид-19 е вештачки вирус, сепак останува прашањето дали тој избегал од биолошката лабораторија во Вухан. Нема докази што сугерираат дека Кина намерно го ослободила вирусот.

Прикажи повеќе...

Свет

Нападната воена база во Ирак каде се сместени американски трупи

Објавено пред

Ирачката воздушна база Аин ал Асад, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало.

Во нападот нема жртви, но направена е материјална штета, се додава во соопштението, пренесува АП. Како што се додава, по нападот избувнал пожар кој оштетил една зграда.

Портпаролот на коалицијата, полковник Вејн Марото на Твитер објави дека во нападот е оштетен хангар и додаде дека истрагата е во тек.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

САД ги обвинија милитантните групи поддржани од Иран за претходните ракетни напади, насочени кон американските трупи во Багдад и воените бази низ Ирак.

Нападите со беспилотни летала се ретки, а последниот се случи во средината на април, кога беше погоден меѓународниот аеродром во Ирбил, во курдската област во северен Ирак, недалеку од базата на коалициските сили.

Прикажи повеќе...

Регион

Во ресторан во Загреб откриени респиратори украдени во Шведска

Објавено пред

Дваесет и петгодишен Загребчанец бил фатен со украдени респиратори од Шведска кои сакал да ги препродава, објави „Индекс.хр“.

Момчето е осомничено дека во периодот од 8 март до 2 април 2021 година преку компанија од Косово за компанија со седиште во Загреб, во која тој е директор, набавило 24 медицински респиратори од Шведска во вкупна вредност од 350.000 евра.

„За време на кривичната истрага преку меѓународна соработка, беше потврдено дека респираторите биле украдени во Шведска, односно кражбата била пријавена на 15 февруари 2021 година за време на нивниот транспорт низ Шведска“, соопшти полицијата.

Се сомнева дека тој ја набавил медицинската опрема со намера да ја препродава во трети земји иако знаел или морал да знае дека респираторите се добиени со кривично дело.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија3 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ7 часа

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија7 часа

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет7 часа

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија8 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија21 час

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија1 ден

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија1 ден

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија1 ден

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 ден

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 ден

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија1 ден

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет1 ден

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион1 ден

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија1 ден

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион1 ден

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Досие