Свет
Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Илон Маск си ја поврати позицијата на најбогат човек на светот, пишува Си-ен-ен.
Според Bloomberg Billionaires, нето-вредноста на извршниот директор на „Тесла“ сега е околу 192 милијарди долари во споредба со 187 милијарди долари на извршниот директор на LVMHF, Бернард Арно.
Двајцата центимилијардери, термин што се користи за луѓе со богатство од повеќе од 100 милијарди долари, беа на првото место со месеци.
Оваа недела богатството на Арно падна откога акциите на LVMH паднаа во средата, според податоците на „Блумберг“.
Арно го престигна Маск во декември бидејќи неговото богатство порасна поради бумот на луксузни стоки, што помогна да се подигне цената на акцијата на LVMH. LVMH, еден од најголемите светски конгломерати, е дом на брендови, како „Луј Витон“, „Диор“ и „Селин“.
Најголемиот адут на Маск се акциите на компанијата, од кои тој поседува околу 13 отсто, наведува „Блумберг“.
Освен на „Тесла“, Маск е и извршен директор на „Спејс икс“, компанија за истражување на вселената и сопственик на социјалната мрежа „Твитер“.
Акциите на LVMH годинава пораснаа 19,7 отсто, а на „Тесла“ 65,6 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Повеќе од 200 луѓе се повредени во експлозијата во Нагорно-Карабах

Најмалку 200 лица се повредени, а неутврден број луѓе загинале во силната експлозија што се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми.
Причината за експлозијата се уште е нејасна.
Azerbaycan – Karabağ
Hankendi yakınlarında bir benzin istasyonunda patlama oldu.
Çok sayıda ölü ve yaralı olduğu söyleniyor. pic.twitter.com/KaidyvtZlQ
— Furkan (@Frknwar3) September 25, 2023
-Потребна е итна воздушна евакуација на ранетите, бидејќи ресурсите на медицинскиот центар во Степанакерт се недоволни, изјави народниот правобранител на Нагорно-Карабах.
Свет
Експлозија во складиште за гориво во Нагорно Карабах, има жртви и многу повредени

Силна експлозија со многу жртви во складиште за гориво се случи вечерва во близина на автопатот Степанакерт-Аскеран во регионот Нагорно-Карабах.
Сепаратистичките власти во регионот соопштија дека има многу повредени кои се пренесени во болница. Деталите за инцидентот се уште се оскудни. Спасувачките екипи се на местото, соопштија официјални лица.
Има голем број на луѓе со изгореници, но нема доволно лекови за да се пружи помош, пренесува Спутник Ерменија, повикувајќи се на извори од болницата, пренесува Ројтерс.
Регион
„Од вчера ништо не може да биде исто“: Курти на комеморацијата за убиениот полицаец

Косовскиот премиер Албин Курти на комеморацијата за убиениот косовски полицаец Африм Буњаку изјави дека „од вчера ништо не може да биде исто“.
„Фактите излегоа пред нас, во нашите очи и во очите на меѓународната заедница, како и во очите на сите оние кои имаат храброст и волја да ја видат вистината за регионот во кој живееме“, рече Курти во својот говор, соопшти Владата на Косово.
„Денес во нашата земја е ден на жалост поради заедничката тага и болка за Африм Буњаку, нашиот полициски наредник кој вчера го загубивме. Но, денеска е и денот кога на полицаецот Африм Буњаку ќе му бидат доделени највисоките национални почести, бидејќи заедно со тагата и болката чувствуваме гордост и доверба за Африм и за сите косовски полицајци“, рече премиерот на Косово.
Курти потсети дека Буњаку бил убиен вчера од „група тешко вооружени, опремени и професионално обучени луѓе“.
„ Законитост и уставност, мир и безбедност, за секого и за се без разлика“, рече Курти.
На овој комеморативен собир, постхумно му беше доделен највисокиот орден на Африм Буњаку.