Свет
Илјада туристи евакуирани од одморалиште на Јадранот поради пожарот
Поради голем шумски пожар, денеска е евакуирано летувалиште на Јадранското Море во јужна Италија, каде што биле сместени речиси илјада туристи.
Луѓето беа преместени на безбедно од комплексот „Баја Сан Феличе“ додека пожарот се приближил до блискиот град Виесте.
Голем пожар избувна денеска во мугрите во шумата до туристичкиот комплекс во областа Фоџа, соопшти РАИ. Пожарникарите и волонтерите на цивилната заштита веќе неколку часа се обидуваат да го изгаснат пожарот. Поради силниот ветер побарана е интервенција од противпожарната единица.
Поради пожарот, затворен е дел од покраинскиот крајбрежен пат, а надлежните наведуваат дека се загрижени за туристичкиот објект во околината.
„Тоа е критична ситуација“, нагласи градоначалникот на градот Виесте, Џузепе Нобилети, кој се сомнева дека некој злонамерно го подметнал пожарот.
„Тоа е петти обид за една недела и успеаја утрово“, рече тој.
Точно на денешен ден, пред 17 години, пожар ја опустоши територијата кај овој мал град. При масовната евакуација од камповите и хотелите загинаа три лица, а 300 беа повредени. Како што забележува РАИ, по чудна временска коинциденција, минатата година, на 25 јули, беа уништени 250 хектари шума во Баја Сан Феличе, во истата област што гори денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

