Контакт

Европа

Илјадници каталонски сепаратисти на улиците на Барселона

Објавено пред

Повеќе илјади каталонски сепаратисти се собраа денес на протестен марш во Барселона, барајќи 12 нивни лидери на кои им се суди за нивната улога во неуспешниот обид за отцепување во 2017 година, да бидат ослободени од обвиненијата.

Демонстрантите во првиот ред на маршот, носеа голем транспарент со натпис „самоопределувањето не е криминал“, а имало и многу луѓе кои носеле сепаратистички знамиња, објави агенцијата АП.

Судењето на 12-те каталонски лидери започна неделава во Врховниот суд на Шпанија во Мадрид.

Тие се обвинети дека ја игнорирале судската забрана за одржување на референдумот за отцепување и прогласиле независност во октомври 2017 година.

Деветмина од 12-те осомничени каталонски лидери се во затвор, додека тројца, на кои им се заканува помала казна, се пуштени да се бранат од слобода.

Европа

Зеленски размислува за референдум во врска со преговорите со Русија

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, сака да одржи референдум за преговорите меѓу Украина и Русија, објави шефот на неговиот кабинет, Андреј Богдан.

„Веруваме дека е неопходно да се одржи национален референдум за постигнување мировен договор со Русија, така што одлуката нема да биде само на претседателот и на пратениците, туку и на украинскиот народ“, изјавил Богдан, а пренесе ТАСС.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин, Меркел и Макрон со телефонски консултации за Украина и Иран

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за кризата во Украина.

Тие зборувале по телефон, а според Кремљ, акцентот бил ставен на ситуацијата во Украина по изборот на Зеленски за претседател, објави ТАСС.

„Разговараа за ситуацијата во Украина, со оглед на неуспешната политика на администрацијата на Петро Порошенко и промената на државното раководство во Украина“, стои во соопштението.

Путин за време на разговорот кажал дека приоритет е спроведувањето на законот за специјален статус за одредени региони на Доњецк и Луганск.

Путин, Меркел и Макрон, исто така, разговарале за Иран и се согласиле дека треба да останат посветени на трговско-економската соработка со таа земја.

Тие биле согласни и дека треба да се сочува нуклеарниот договор, оценувајќи дека тоа е клучен фактор во зачувувањето на меѓународната стабилност и безбедност.

Прикажи повеќе...

Европа

Припадници на „Ангели на пеколот“ уапсени во Португалија поради организиран криминал

Објавено пред

Португалската полиција уапси 17 членови на моторџискиот клуб „Ангели на пеколот“ кои се осомничени за вмешаност во организиран криминал, објавија локалните власти.

Околу 150 полицајци, вклучително и членови на антитерористичките единици, учествуваа во неколку рации во Португалија, објави агенцијата „Ројтерс“.

Телевизијата СИЦ соопшти дека рациите биле извршени во Лисабон и Алгриви, каде што илјадници моторџии се собираат секоја година на меѓународен настан.

Полицијата потврди дека во моментов во притвор се 17 мажи, членови на „Ангели на пеколот“, на возраст меѓу 29 и 52 години.

Полицијата соопшти дека уапсените ќе се појават пред суд утре и дека им се заканува казна затвор до пет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија13 часа

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава15 часа

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија16 часа

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија17 часа

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет18 часа

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија18 часа

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на имунитетот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на имунитетот на експремиерот и поранешен...

Регион18 часа

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Европа21 час

Се распаѓа австриската влада, сите министри од ФПО поднесоа оставки

Австриската екстремнодесничарка Партија на слободата (ФПО) објави дека сите нејзини министри во коалициската влада формирана во декември 2017 година со...

Спорт23 часа

Почина Ники Лауда

На 71 годишна возраст почина легендата на Формула 1 , Ники Лауда. „Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ник,...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ за 6 месеци заработи 5,2 милиони долари!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци....

Македонија2 дена

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија2 дена

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија2 дена

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ2 дена

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија2 дена

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија2 дена

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија2 дена

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Досие