Контакт

Свет

Индиска двојка ги нарече новородените близнаци Ковид и Корона

Објавено пред

Епидемијата на Ковид-19 доби необичен пресврт во Индија, каде што една двојка ги нарече своите новородени близнаци Корона и Ковид за наводно да ги потсетуваат за тешките времиња во услови на епидемија, пренесува РТ.

Двојката од индискиот град Рајпур добила необична инспирација од строгиот режим наметнат во Индија за запирање на ширењето на коронавирусот. Младата мајка изјавила за новинската агенција ПТИ дека ова ќе бидат нивни имиња засега, но дека може да ги сменат подоцна.

„Кога и вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат бебињата Корона и Ковид, конечно, решивме да ги именуваме по пандемијата. Вирусот навистина е опасен за животот, но неговото појавување ги натера луѓето да се фокусираат на санитарните услови, на хигиената и да всадат други добри навики. Затоа помисливме на овие имиња“, рече таа.

Индија, во која живеат речиси 1,4 милијарда луѓе, досега има 2.567 потврдени случаи на Ковид-19 и 72 смртни случаја.

Свет

Католичкиот архиепископ на Вашингтон: Трамп ги прекрши верските принципи на црквата

Објавено пред

Католичкиот архиепископ на Вашингтон остро ја критикуваше посетата на претседателот Доналд Трамп на центарот посветен на папата Јован Павле Втори во време на масовни протести во САД, нарекувајќи ја посетата манипулација, пишува „Би-би-си“.

Трамп победи на изборите во 2016 година со силна поддршка од бели католици и евангелски христијани.
Само неколку месеци пред следните претседателски избори, во кои се надева дека ќе освои втор мандат, Трамп се обидува даги придобие тие гласачи, па се сликаше со Библијата пред Епископалната црква, а следниот ден го посети центарот посветен на Јован Павле Втори.

Пред заминувањето на Трамп во Националното светилиште на свети Јован Павле Втори, архиепископот Вилтон Д. Грегори изјави дека посетата ги крши религиозните принципи на црквата, додавајќи дека католиците треба да ги бранат правата на сите луѓе.

„Сметам дека е збунувачки и понижувачки што секој католички верски објект дозволува да биде толку ужасно злоупотребуван и изманипулиран на начин што ги крши нашите верски принципи, а кои нè повикуваат да ги браниме правата на сите луѓе, дури и на оние со кои не се согласуваме“, рече архиепископот во соопштението.

Грегори, исто така, го осуди растерувањето на демонстрантите во близина на Белата куќа, за да може Трамп да ја посети епископалната црква оштетена во протестите и да се слика со Библијата во рака пред претставниците на медиумите.

Грегори е првиот Афроамериканец што ја предводи Вашингтонската архиепископија.

Прикажи повеќе...

Европа

Протести во Франција по повод четиригодишнината од убиството на Французин со темна кожа, полицијата употреби солзавец

Објавено пред

Француската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале за да ја одбележат четиригодишнината од убиството на еден човек со темна кожа, кој бил убиен од полицијата.

Французинот Адам Траоре бил убиен во 2016 година во полициска операција, слична на онаа во која неодамна беше убиен Џорџ Флојд во Соединетите Држави.

Полицијата употребила солзавец кога некои учесници на протестот запалиле оган и поставиле барикади на авенијата Кличе во северен Париз, која била полна со ѓубре и срчи, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите се собрале и покрај полициската забрана поради ризикот од немири и ширењето на коронавирусот.

Семејството Траоре ја обвинува полицијата за смртта на Адам, изјавувајќи дека полицијата употребила несоодветна сила и дека тројца жандарми учествувале во соборувањето на човекот.

Француската жандармерија користела солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои палеле и кршеле во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Американецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Прикажи повеќе...

Свет

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Објавено пред

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Што е во спротивност со првичните пофалби што СЗО ги упати кон Пекинг.

На снимките од тој состанок, во кои агенцијата АП имала увид, се прикажани претставници на организацијата како на 6 јануари се жалат дека Пекинг не ги споделува со светот потребните податоци за да се процени ризикот кој го претставува вирусот за останатиот дел од планетата.

Кина дури на 20 јануари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи глобална опасност.

„Работиме со многу малку информации. Тоа никако не е доволно за да подготвиме план“, рекла Марија Ван Керхова, епидемиолог и технички директор на СЗО за време на пандемијата на Ковид-19.

Шефот на СЗО во Кина, Гуаден Галеа, на една од снимките вели дека од Кина добиваат информации 15 минути пред да бидат објавени на ЧТВ.

Како што се наведува, овој извештај пристигнува во моменти на растечко незадоволство на меѓународната заедница, поради кинеската реакција на коронавирусот и почетокот на независната истрага за потеклото на вирусот, кој досега зарази над шест милиони луѓе и уби повеќе од 375.000 луѓе во целиот свет.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа44 минути

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 час

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет2 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа3 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион14 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет15 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет16 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија16 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија18 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија19 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија20 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија20 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион23 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија24 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион24 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа1 ден

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Досие