Контакт

Свет

Индискиот кандидат за Гинис тврди дека има 123 години

Објавено пред

Свами Сивананда се појавил на аеродромот во Калкута, Индија и ја изненадил управата на аеродромот кога го покажал пасошот во кој било наведено дека е роден на 8 август 1896 година и сега има 123 години.

Сивананда е роден во Бехали, Индија, а бил одгледан од индиски духовен водач. Тој тврди дека тајната на неговата длабока старост е во долгогодишното практикување јога, како и во целибатот и консумирањето храна без зачини.

Неговиот пасош ја заинтригирал управата на аеродромот кога се упатил кон Велика Британија од Индија. Тие ја провериле исправноста на неговиот пасош и добиле потврда дека е целосно функционален, но потоа заклучиле дека е можно датумот на раѓање на овој човек да не бил правилно внесен во неговите документи. Сивананда им објаснил дека неговите родители го напуштиле веднаш по раѓањето, па  податоците за неговото раѓање биле внесени дополнително.

Сепак, ако неговите информации се точни – тоа ќе го направи најстарата личност на светот. Досега титулата ја имаше Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година кога имала 122 години и 164 дена.

Гинисовата книга на светски рекорди го има предвид Индиецот за преземање на титулата најстара личност на  светот, но од таму сметаат дека не е лесно да се утврди неговата вистинска возраст, пренесува Klix.ba.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Венецуела доби место во Советот за човекови права на ООН

Објавено пред

Венецуела е избрана за член на Советот за човекови права на Обединетите нации и покрај лобирањето од страна на САД, здружението за човекови права и ненадејното влегување на Костарика во натпреварот за место во тој совет, објави „Ројтерс“.

Венецуела добила 105 гласови со тајно гласање на 193 земји членки на Генералното собрание.

Костарика добила 96 гласови, иако ја објавила номинацијата овој месец кога претседателот Карлос Алварадо Кесада изјавил дека „режимот на Венецуела не е прифатлив кандидат“, според британската агенција.

Костарика, Венецуела и Бразил се натпреваруваа за две места на 47-члениот Совет за човекови права, чие ново свикување започнува на 1 јануари.

Бразил доби втор тригодишен мандат со 153 гласови.

„Едноставно е несовесно дека оние што толку ги прекршиле човековите права, како режимот на Мадуро во Венецуела, да можат да имаат улога во Советот. Јас нема да се залагам за тоа, и ниту треба ООН“, рече американската амбасадорка во Обединетите нации, Кели Крафт, по гласањето.

Прикажи повеќе...

Европа

„Европол“: Жените еднакво способни за криминал како и мажите

Објавено пред

Жените се еднакво способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од сајтот на најбараните жени бегалци во Европа.

Според соопштението на „Европол“, бројот на жени кои се занимаваат со криминални активности се зголемил во последните децении, иако темпото на овој раст е побавно од оној на мажите.

Како едно објаснување за овој тренд, „Европол“ наведува дека е можно технолошкиот напредок и социјалните норми да ги ослободиле жените од домашната работа и да ја зголемат нивната застапеност на „пазарот на криминал“.

Во новата кампања на „Европол“, 21 земја членка избрала по еден од своите најбарани бегалци, чие лице е покриено со маска, а гледачите треба да го погодат полот на криминалецот додека делови од маската постепено исчезнуваат.

Целта е да се привлечат што е можно повеќе посетители на сајтот.

Според „Европол“,  податоците покажуваат дека криминалците, од двата пола, се барани за сериозни кривични дела како убиство, трговија со дрога, измама, кражба и трговија со луѓе.

„Европол“ ги повикува луѓето да обезбедат информации што би помогнале во пронаоѓањето на бегалците.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија бара да се преместат седниците на ОН од Њујорк

Објавено пред

Русија поднесе официјално барање седниците на првиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации да не се одржуваат во Њујорк, туку во Виена или Женева, пренесе ТАС С, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според информациите, документот е предаден. САД не одобрија визи на една третина од руската делегација, која требаше да присуствува на седницата на првиот комитет на ОН.

Првиот комитет на Генералното собрание на ОН за прашања за разоружување, традиционално почнува со работа во октомври и заседава речиси секој ден во овој месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет40 минути

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет60 минути

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа2 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет13 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион15 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија16 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет17 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион18 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија18 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија20 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ22 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија22 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија23 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 ден

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Досие