Контакт

Свет

Индиската полиција уби осум терористи во Кашмир

Објавено пред

Индиските безбедносни сили елиминираа осум милитанти во две одвоени рации во спорниот регион Кашмир во текот на последните 24 часа. Операциите се случија неколку дена по смртоносниот пограничен судир со Кина, пренесува РТ.

Полицијата и безбедносните сили спроведоа рација во областа Пампоре во индискиот дел на Кашмир откако добија разузнавачки извештај за милитантно присуство таму.

Еден терорист е убиен во престрелката додека уште двајца се повлекле и се скриле во блиската џамија. Според полицијата, бил користен солзавец за да се истераат милитантите од зградата. Потоа и двајцата беа убиени, а немало оштетување на џамијата.

Во одделна операција, безбедносните служби наишле на пет терористи во областа Шопијан. Сите милитанти се убиени во престрелката. Нема извештаи за жртви меѓу полицијата или цивилите.

Индија редовно спроведува рации против исламистичките бунтовници во областа, расчистувајќи ги нивните кампови и запленувајќи го оружјето на оддалечени локации.

Ситуацијата на теренот останува напната бидејќи претходно неделава индиските и кинеските трупи се судрија кај спорната граница во Ладах, дел од поголемиот регион Кашмир. Во судирот загинаа 20 индиски војници.

Пекинг рече дека имало жртви од обете страни, но не го ибјави бројот на загинати или повредени кинески војници. Страните во моментот водат разговори за да ги смират тензиите.

Индија и нејзиниот западен сосед Пакистан, кој тврди целиот Кашмир е негова територија, повремено се вклучуваат во прекугранични бомбардирања, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтите.

Свет

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Објавено пред

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува „Kовид 19“, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е поспособна да зарази човечки клетки од оригиналната форма на коронавирус што се појави во Кина, покажа новата студија објавена во списанието „Сел“.

Истражувањето спроведено во лабораторија сугерира дека оваа мутација би можела полесно да се пренесува кај луѓето во реалниот свет во споредба со претходната варијанта, но тоа сè уште не е докажано.

Научниците од лабораторијата Лос Аламос во Њу Мексико и Универзитетот Дјук во Северна Каролина се здружија со Универзитетот Шефилд за да анализираат примероци објавени од ГИСАИД, светски извор на секвенци на геноми. Откриле дека сегашната варијанта наречена D614G има мала, но моќна промена во протеинот што се издига од површината на вирусот и дека вирусот ја користи за да ја пробие и зарази човечката клетка.

Научниците ги објавија првите откритија на веб-страницата bioRxiv во април, но потоа беа критикувани дека не успеале да докажат дека самата мутација е одговорна за доминацијата на новата верзија на вирусот во светот, бидејќи тоа може да биде резултат на други фактори.

Тимот затоа спроведе и други истражувања. Тие анализирале податоци од 999 британски пациенти хоспитализирани поради „Ковид 19“ и откриле дека оние со таа верзија на вирусот имаат поголема концентрација на вирусни честички во организмот, но тежината на нивната болест не била различна.

Лабораториските експерименти покажаа дека оваа верзија на вирусот има три до шест пати поголема способност да зарази човечка клетка.

Според претходните сознанија, иако варијантата на вирусот што сега циркулира е позаразна, може, но не мора, полесно да се пренесува кај луѓето. Во секој случај, вирологот на универзитетот Јеил, Нејтан Грубау, кој не учествуваше во истражувањето, вели дека ширењето на нова генетски мутирана верзија на вирусот, по природна селекција или случајно“, значи дека оваа варијанта сега е причина за пандемијата.

Тој проценува дека истражувањата допрва треба да утврдат дали оваа нова варијанта ќе влијае на развојот на вакцини и лекови и посочува дека не очекува дека D614G ќе предизвика промени во мерките за ограничување на ширењето на вирусот или ќе предизвика посериозна состојба кај заразените лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Чедомир Јовановиќ приклучен на кислород

Објавено пред

Состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил пренесен во друга болница, наведуваат некои белградски медиуми.

Јовановиќ беше примен во болница пред неколку дена поради пневмонија, потврдено е тогаш за Б92.нет од ЛДП.

Според денешните извештаи во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти приклучени на кислород.

Тој, наводно, бил пренесен од КБЦ „Бежаниска коса“ на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, а неговата здравствена состојба е лоша.

Како што претходно објави Б92.нет, Јовановиќ бил во контакт со лице кое се заразило со коронавирус, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болницата и направил тест за коронавирусот. Резултатите не се објавени.

Прикажи повеќе...

Свет

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот

Објавено пред

Јапонија нема да воведе вонредна состојба поради коронавирусот, изјави владиниот портпарол, додека во Токио е забележано најголемо дневно зголемување на бројот на заразени во последните два месеца, за што причина се случаите поврзани со ноќните клубови во јапонската престолнина.

Во Токио беа потврдени 124 нови случаи, што е пораст од 107 во однос на претходниот ден, тоа делумно е резултат на зголеменото тестирање на работниците во населбите Шинџуку и Икебукуро, познати по ноќниот живот.

Сепак, бројот на сериозни случаи опаѓа и нема потреба да се наметнува вонредна состојба, која беше укината на 25 мај, изјави портпаролот на владата, Јошихиде Суга.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Во фунција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да...

Македонија32 минути

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 час

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа1 час

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет2 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија2 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет3 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија4 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион4 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија15 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет17 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт18 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија18 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија20 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија20 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија20 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Спорт23 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија1 ден

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија1 ден

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Досие