Контакт

Свет

Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата

Објавено пред

Гумата на тркалата од индиски патнички авион, во кој биле 168 патници и членови на екипаж, експлодирала кога итно слетал. Експлозијата се случила утрово, за време на слетувањето на аеродромот во Џаипур, главен град на индиската држава Раџастан.

Извори за локалните медиуми рекле дека пилотот, по полетувањето, имал проблеми со една од двете гуми, на левата страна од леталото. Пилотот успеал безбедно да слета, бидејќи другата гума била исправна, а никој од патниците не е повреден.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ричард Гир: Салвини е мал Трамп кој користи омраза и незнаење

Објавено пред

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десницата, Матео Салвини е мал Трамп кој ги искористува стравовите на луѓето за да освои гласови, изјави американскиот актер Ричард Гир, кој е ангажиран по прашањето за мигрантите во Медитеранот.

Гир (69) неодамна се судри со Салвини во врска со бродот на хуманитарната организација Open arms „Отворени раце“. Италија забрани бродот, во кој има околу 100 мигранти, да се закотви во нејзино пристаниште.

Салвини тврдеше дека организацијата лаже за состојбата на мигрантите и дека медицинскиот преглед од италијанските власти покажал дека ситуацијата на бродот не е алармантна.

„Вашиот министер за внатрешни работи го има истиот менталитет како претседателот Трамп. Всушност, јас го нарекувам ‘мал Трамп’. Тој го користи истото радикално незнаење, искористувајќи ги стравот и омразата“, изјави Гир за италијанскот дневен весник „Кориере дела Сера“.

Холивудскиот актер го посети хуманитарниот брод пред две недели им донесе храна на мигрантите и им даде утеха дека ситуацијата добро ќе заврши.

Потоа Салвини го повика да ги однесе мигрантите во Холивуд и да ги прими во неговите виле.

„Ако вашиот министер помине неколку часа со овие луѓе, слушајќи ги нивните приказни и семејни трауми, тој би го сменил ставот“, рече актерот.

Тој додал дека би сакал да се сретне со Салвини затоа што е сигурен дека тој не е таков како што се прикажува во јавност.

Во меѓувреме, Салвини потклекна под политичкиот притисок и порача дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот во кој се наоѓаат две недели.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Скандал во Велика Британија, принцот Ендрју ја посетувал вилата на Џефри Епштајн

Објавено пред

Кратката матна снимка на војводата од Јорк, на која се гледа млада жена како мавта од вилата на милијардерот Џефри Епштајн во Њујорк, предизвика внимание во јавноста, а Бакингамската палата ќе мора некако да ја исправи штетата.

Вториот син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, се појави на снимка што ја објави „Мејл“ во неделата. Снимката го прикажува принцот Ендрју како мавта на црнокоса жена на прагот од вилата на Епштајн во Њујорк.

Епштајн беше обвинет за подведување малолетнички, а неодамна изврши самоубиство во затвор.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Едногодишно момче загина на паркинг, за трагедијата обвинета неговата мајка

Објавено пред

Жизел Васкез, 18-годишна мајка од Тексас, е обвинета за загрозување на дете, откако надзорните камери на еден паркинг го регистрирале моментот кога таа се оддалечила од нејзиниот 18-месечен син, кој само неколку секунди подоцна бил прегазен од автомобил, пишува „Дејли мејл“.

Мајката е обвинета за сериозно кривично дело – загрозување на безбедноста на децата, по смртта на нејзиниот син, Алан Виледа, кој бил удрен од автомобил кој излегувал од паркингот по што загинал.

На снимката се гледа Васкез како минува низ паркингот со двомесечната ќерка во рацете. Во исто време, нејзиниот син е на другиот крај на паркингот и го следи својот тригодишен братучед.

Мајката подоцна забележала дека синот не е покрај неа, и после две минути се вратила на местото на несреќата, а жената зад воланот на автомобилот кој го усмртил момчето воопшто не била свесна дека го прегазила детето, па го напуштила местото на инцидентот.

Кога се вратила на местото на настанот, таа поминала на тестот за дрога и алкохол.

Васкез изјавила дека не знаела оти децата останале зад неа и верувала дека во моментот на несреќата тие биле со нејзината сестра.

Полицијата сè уште го истражува инцидентот, а засега не е покренато обвинение против лицето кое управувало со возилото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

За изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ ќе одлучува Јанева

Судијката Марија Клетничка даде нова пауза до 14 часот, во која, шефицата на СЈО, во оставка, Катица Јанева треба да...

Топ1 час

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Како што соопшти полицијата, возачот изгубил...

Македонија1 час

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР телото...

Свет2 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија2 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа2 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет3 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија15 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет16 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет16 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија16 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет17 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт19 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија23 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион23 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Досие