Контакт

Свет

Индија успешно лансираше ракета на Месечината

Објавено пред

Индија успешно ја лансираше својата втора ракета на Месечината, една недела по откажувањето на планираното лансирање поради технички проблеми.

Чандрајан 2 беше лансирана во 14:43 часот по локално време од вселенската станица Шрихарикоте.

Индија се надева дека мисијата, вредна 150 милиони долари, ќе биде првата која слетала на јужниот пол на Месечината. Настанот бил емитуван во живо на телевизија и следел громогласен аплауз во контролната соба на индиската истражувачка организација.

За првпат во историјата на Индија експедицијата е изведена од страна на две жени – Матаја Ванита, проект-менаџер и Риту Каридал, шеф на мисијата.

Свет

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

Објавено пред

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал.

Трамп на Твитер напиша во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун дека демократскиот кандидат за претстојните претседателски избори е можеби поспан и многу бавен, но не и бесно куче и е нешто подобар од тоа.

Трамп му порача на Ким дека тој е единствениот кој „може да го доведе таму каде што треба да биде“ и го повика да дејствува брзо и да дојде до договор. Твитот завршува со зборовите „Се гледаме наскоро“.

Севернокорејската агенција КЦНА во петокот упати лични навреди на сметка на поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден. КЦНА го нарече Бајден „бесно куче“ кое треба „со стап да се претепа до смрт“.Агенцијата не наведе како Бајден го навредил севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, иако еден од учесниците во трката за демократски кандидат за претседател ја критикуваше политиката на Доналд Трамп кон Северна Кореја.

Прикажи повеќе...

Свет

Новоизбраниот претседател на Шри Ланка ќе положи заклетва во будистички храм

Објавено пред

Опозицискиот кандидат и поранешен министер за одбрана на Шри Ланка, Готобаја Раџапакса победи на претседателските избори во земјата. Се очекува Раџапакса утре да положи свечена заклетва во древен будистички храм.

Централната изборна комисија соопшти дека тој освоил 52,25 отсто од гласовите наспроти неговиот политички ривал, кој доби 41,99 отсто.

По победата над кандидатот на владејачката партија Саџит Премадаса, новиот претседател порача дека ќе биде водач на сите граѓани во земјата, сите 22 милиони, без разлика на нивниот етнички и верски идентитет. Раџапакса (70) е помлад брат на поранешниот претседател Махинда Раџапакса, кој беше на власт од 2005 до 2015 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Објавено пред

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во Венеција денеска повторно е поплавен и затворен за јавност.

Градот беше погоден од плима со висина од 150 сантиметри, трето највисоко ниво досега забележано.Оваа недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година. Нивото на морето околу Венеција е 10 сантиметри повисоко отколку што беше пред 50 години.

Во неколку италијански градови на сила е висок степен на подготвеност по обилните дождови ноќеска, вклучувајќи ја и Венеција, каде што жителите и туристите се подготвуваат за уште една вонредно висока плима.

Прикажи повеќе...

Најново

Екологија44 минути

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 час

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа3 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет4 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија6 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет7 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет8 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија9 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион10 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа11 час

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија11 час

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа1 ден

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија1 ден

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа1 ден

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ1 ден

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ1 ден

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ1 ден

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ1 ден

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт1 ден

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија1 ден

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Досие