Свет
Индија ја лансираше својата прва вселенска станица во орбитата

Индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета со првата индиска вселенска станица, обидувајќи се да стане четвртата земја што постигнала таков напреден технолошки подвиг.
Мисијата, која се смета за клучна за идните вселенски напори, вклучително и сервисирање на сателити и управување со индиската вселенска станица, полета од главниот индиски космодром, пренесува Ројтерс.
По околу 15 минути, кога леталото достигна височина од околу 480 километри, директорот на мисијата го прогласи лансирањето за успешно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Се отвори џиновска дупка среде улица во Британија, жителите евакуирани, стравуваат од експлозија

Жителите на Сари, Велика Британија, ги напуштаат своите домови откако се отворила дупка на главната улица. Властите го прекинаа водоснабдувањето на селото Годстон откако 20-метарска дупка проголта градина.
Жителите на Сари се евакуирани поради страв од експлозија, додека дупката продолжува да се шири. Дупката се појави во понеделникот вечерта и до вторник попладне порасна на најмалку 20 метри, предизвикувајќи прекин на водоснабдувањето и уривање на градина.
Советот на округот Сари прогласи вонредна состојба и на локалните жители им беше препорачано да ја избегнуваат областа додека се вршат поправки. Полицијата евакуираше неколку згради и постави безбедносен кордон во радиус од сто метри, пишува Гардијан.
На жителите на улицата Вилијам Веј во Годстоун им беше кажано да ги напуштат своите домови што е можно поскоро рано наутро во вторникот поради стравувањата дека изложените кабли може да предизвикаат експлозија. Жителите ги опишаа сцените од евакуацијата како застрашувачки.
„Не знам што ќе се случи следно, никој не може да ми даде никакви информации. Тие рекоа дека може да помине до една недела пред да се вратиме. Мислам дека не знаат каква е состојбата на гасните и електричните инсталации, така што постои ризик од експлозија, пожар, колапс“, изјави жител за Би-би-си.
„Преплашени сме. Сега треба да размислиме каде да живееме. Училиштето започнува следната недела и мора да најдеме нешто во близина“, велат други.
Полицијата потврди дека неколку згради се евакуирани како мерка на претпазливост и дека работата на патот најверојатно ќе потрае.
Регион
Млад маж и девојка загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска, имаа 19 и 18 години

Две лица на возраст од 19 и 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи нешто по полноќ во општина Драганиќ, недалеку од Карловац, известија од полициската управа во Карловац.
Несреќата се случила 25 минути по полноќ кога патничко возило со карловачки регистерски таблички поради пребрзо возење излетало од патот и влегло во канал.
Загинале 19-годишниот возач и 18-годишната сопатничка во возилото, информираат од СВР Карловац.
Истрагата утврдила дека возилото слетало во земјен канал за атмосферска вода, а потоа се превртело на покривот и удрило во задниот дел на бетонски мост. Утврдено е и дека починатите не носеле појаси.
„За сообраќајната незгода ќе биде проследена пријава до надлежното државно правобранителство“, додаваат од полициската управа Карловац.
Европа
(Видео) Гори руска рафинерија по украински напад: црн чад го покрива небото, пожарот беснее

Украина во текот на ноќта нападна нафтена рафинерија во градот Сизран во руската област Самара, изјави во средата регионалниот гувернер, пренесува Ројтерс.
„Службите за итни случаи работат на погодената територија. Според прелиминарните информации, нема жртви“, напиша Вјачеслав Федоришчев на апликацијата за пораки Телеграм.
💥 Russia: Syzran Oil Refinery struck by Ukrainian drones. 900km from Ukraine in Samara region.
The facility refined 8.5 million tons of crude oil annually – 170,000 barrels per day, accounting for 2.6% of Russia's total capacity. pic.twitter.com/7fngd5FCtN— Igor Sushko (@igorsushko) February 19, 2025
Тој не прецизираше дали рафинеријата е оштетена. Каналите на Телеграм, База и Маш објавија дека по нападот избувнал пожар.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана уништиле девет украински беспилотни летала во текот на ноќта, над регионите Брјанск, Татарстан и Тула и Црното Море.