Контакт

Европа

Интервјуто со Русите осомничени за нападот на Скрипал, за Британија е напад врз јавната интелигенција

Објавено пред

Велика Британија го критикуваше интервјуто со двајцата Руси, кои се товарат за обид за убиство на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал.

Како што соопштија британските власти, интервјуто е напад врз јавната интелигенција и е длабоко навредливо.

„Лагите и очигледните измислици во ова интервју дадено за руска телевизија поддржана од државата се навреда за интелигенцијата на јавноста“, изјави портпаролот на британската премиерка, Тереза Мeј.

„Уште поважно, тие се длабоко непријатни за жртвите на овој ужасен напад и нивните најблиски“, додаде тој.

Портпаролот на Тереза Мeј рече дека британската полиција пронашла многу јасни докази против двајцата мажи кои ќе бидат изведени пред лицето на правдата, доколку некогаш повторно ја напуштат Русија.

Европа

Германската војска предизвика пожар по кој е прогласена природна катастрофа

Објавено пред

Од

Властите на регионот Емсланд во северозападниот дел на Германија прогласија состојба на природна катастрофа.

Ова беше направено поради пожар кој пред две недели го предизвикала ракетна проба изведена на полигон на германската војска, пренесе агенцијата АП.

Се тврди дека властите размислуваат за евакуација на околу 1 000 луѓе од две села во близина на градот Мепен, кој се наоѓа блиску до границата со Холандија.

АП информира дека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот што зафатил област каде што германската армија спроведува вежби.

Чадот се проширил во радиус од над 100 километри и е видлив на сателитски снимки.

Според информациите, портпаролот на германското Министерство за одбрана, Јенс Флосдорф, изјавил дека ситуацијата е многу сериозна и се извинил во името на армијата за направената грешка.

Тој рече дека областа треба да ја посети и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсена Германка осомничена за членство во Исламска држава

Објавено пред

Од

Германската полиција уапси 20-годишна девојка осомничена дека е членка на Исламска држава, соопшти денеска федералното обвинителство.

Осомничената е идентификуван како Сара О., Германка со алжирско потекло, и е обвинета за припадност на странска терористичка организација.

Обвинителството тврди дека таа како тинејџерка отпатувала во Сирија во октомври 2013 година, каде што била обучена како да користи оружје. Следната година се омажила со борец на Исламска држава од Германија.

Германските власти велат дека двојката спроведувала „полициски задачи“ во областите под контрола на Исламска држава, објави АП.

Се верува дека таа се обидела да регрутира и други лица во Европа за членство во терористичката организација, како и дека заедно со сопругот добивале по 118 долари месечно.

Прикажи повеќе...

Европа

Екстремните десничари втора партија по популарност во Германија

Објавено пред

Од

Екстремно десната Алтернатива за Германија (АФД) за првпат во анкетите ја претекна владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и моментално е втората најсилна политичка партија во земјата, според истражувањето на јавниот сервис АРД во петокот, кое истовремено покажува пад на популарноста на демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел.

„Ако следната недела се одржат сојузните избори, Христијанско-демократската унија ЦДУ / ЦСУ ќе освои 28 отсто од гласовите, што е најслаб резултат откако се спроведува оваа студија од 1996 година. СПД ќе освои 17 отсто гласови, а 18 отсто АФД, што е досега најдобрата вредност за оваа партија”, се вели во истрашувањето што го спроведе Институтот Емнид за потребите на јавниот сервис АРД.

Натамошното намалување на популарноста на партиите од владејачката коалиција е поврзано со постојаните несогласувања внатре во владините партии.
Испитувањата покажаа и незадоволство од работата на самиот министер Зехофер, бидејќи 59 отсто од испитаниците сметаат дека тој е лошо кадровско решение за министер за внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток40 минути

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток2 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Крвав четврток6 часа

Драма во кривичен – Игор Југ скокна од столчето и сакаше да си замине среде судење

Обвинетиот Игор Југ на продолжението од судењето за настаните од 27 април му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи,...

Македонија8 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ9 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија10 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија12 часа

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија13 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија13 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија14 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија14 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет14 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија15 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија1 ден

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија1 ден

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Досие