Контакт

Европа

Затворен аеродромот во Хановер, маж со автомобил влета во заштитната ограда

Објавено пред

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хановер е во прекин поради инцидент, во кој еден маж со автомобил ја проби влезната капија на оградената аеродромска зона.

Човекот, како што пренесуваат германските медиуми, е приведен, а возилото со кое управувал, има полски регистарски таблици.

Полетувањата и слетувањата на авионите попладнето биле во прекин за време траењето на истрагата, но сепак терминалите биле отворени, пренесува АП.

Европа

Во Шпанија петти ден по ред од коронавирус умираат над 800 луѓе

Објавено пред

Шпанските здравствени власти објавија нови податоци за бројот на заразени со коронавирус и смртните случаи во земјата.

Според шпанските медиуми, во последните 24 часа починале уште 864 лица.

Со најновите податоци, во Шпанија починале вкупно 9.053 лица, а бројката на инфицирани надминува 102.000.

Во последните 24 часа, регистрирани се 7.719 новозаразени.

Шпанските медиуми, исто така, известуваат дека ова е петти ден по ред во кој умираат повеќе од 800 луѓе во земјата.

Прикажи повеќе...

Европа

Жителите на италијанско гратче без коронавирус: Од првиот ден бевме многу внимателни

Објавено пред

Додека бројот на смртни случаи на коронавирус продолжува да се зголемува во Италија, во малото гратче Ферара Ербононе никој не е заразен со коронавирус.

Гратчето има околу 1.100 жители, се наоѓа во Ломбардија, епицентарот на италијанската криза со коронавирус.

„Ние сме горди и среќни што имаме ваква ситуација, но не можам да кажам дека не се плашиме затоа што луѓето умираат во градот до нас“, вели локалната продавачка Мери Де Лука.

Сè уште не е јасно зошто градот, на 50 километри југозападно од Милано, е целосно поштеден од коронавирусот.

„Бевме многу внимателни од првиот ден“, вели Де Лука, сопственичка на самопослуга.

„Нашите клиенти од почетокот на појавата носат маски и ракавици“. Таа ги пофали локалните власти и локалната цивилна заштита за навременото информирање на јавноста и распределбата на заштитни маски.

Прикажи повеќе...

Европа

Германските компании масовно преминуваат на скратено работно време

Објавено пред

Речиси половина милион германски компании се пријавиле за владината програма за скратено работно време, пренесува „Ројтерс“.

Приближно 470.00 компании се пријавиле за програмата во март, при што повеќето барања доаѓаат од секторите продажба и угостителство, објави сојузното Министерство за труд, јавува „Нова економија“.

Работата со скратено работно време е форма на државна помош што им овозможува на работодавците за време на економски пад да го намалат бројот на работни часови за да ги задржат вработените на плата и оваа форма има широка примена во индустријата.

„Ова значи дека милиони вработени ќе може да ги задржат своите работни места“, рече секретарот за труд, Хубертус Хајл. Тој не можеше да процени колку луѓе на крајот би се префрлиле на скратено работно време, но очекува дека тоа ќе биде значително повеќе отколку за време на глобалната финансиска криза во 2009 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија47 минути

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија56 минути

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, којашто...

Свет1 час

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа2 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа3 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет3 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет4 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион4 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија4 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион15 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија19 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија19 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија20 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија20 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија22 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија22 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет22 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Досие