Контакт

Свет

Иранската влада бара Сеул да ѝ врати 7 милијарди долари по запленувањето јужнокорејски танкер

Објавено пред

Иранската влада жестоко го критикува Сеул за замрзнувањето 7 милијарди долари ирански средства без основа, но тврди дека тоа не е поврзано со запленувањето на танкерот под јужнокорејско знаме во Персискиот Залив, пренесува РТ.

Зборувајќи во вторникот, портпаролот на иранската влада, Али Рабиеј, изјави дека Јужна Кореја е виновна за заложништво, а не за Иран.

„Навикнавме на ваквите обвинувања, но ако има заложништво, тогаш за тоа е одговорна владата на Кореја, која без основа држи 7 милијарди долари, што ни припаѓаат нам“, рече Рабиеј.

Иранските медиуми објавија дека Сеул замрзнал неколку милијарди долари ирански пари и одбил да му ги префрли на Техеран под изговор дека ги почитува санкциите на САД врз Иран.

Рабиеј тврди дека иранското запленување на танкерот под јужнокорејско знаме во понеделникот било затоа што танкерот ги прекршил протоколите за животната средина и дека тоа нема никаква врска со парите што Сеул ги држи.

Во понеделникот танкерот „Ханкук Чеми“, кој плови под јужнокорејско знаме и кој наводно превезувал 7.200 тони нафтени производи, бил запленет од Иранската револуционерна гарда во Персискиот Залив. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ја испрати својата единица за борба против пиратите Чеонге на местото каде што бил запленет бродот.

Европа

Исланѓаните досега идентификуваа 463 видови коронавирус на нивниот остров

Објавено пред

Исланд генетски ги секвенционираше сите потврдени случаи на инфекција со коронавирус уште од почетокот на пандемијата, што е клучно во време на појава на нови видови на коронавирус.

Светската здравствена организација неодамна ги повика сите земји да го забрзаат генетското секвенционирање на вирусот за да се олесни борбата против нови, позаразни видови.

Исландската биофармацевтска компанија deCODE Genetics неуморно го анализирала секој позитивен тест на коронавирус во последните 10 месеци. Целта е едноставна, да се анализираат сите случаи за да не пропуштат ниту еден проблематичен.

„Самото секвенционирање трае релативно кратко време“, објаснува шефот на лабораторијата за генетика, Олафур Тор Магнусон. „Приближно три часа се доволни за да се утврди видот на вирусот.

Целиот процес, од изолација на ДНК до секвенционирање, трае околу еден и пол ден. Исланѓаните досега идентификуваа 463 варијанти на вирусот – кои научниците ги нарекуваат хаплотипови.

„Секвенционирањето на примероците е клучно за нас во следењето на пандемијата на островот“, рече министерката за здравство Свандис Сваварсдотир.

Властите ги користат информациите за да утврдат прецизни мерки за борба против ширењето на вирусот, додаде таа.

Така, на Исланд знаат дека немаат јужноафрикански вид на коронавирус и дека имале 41 случај на инфекција со британскиот вид.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Британија се разгледува можноста странците да плаќаат по 2.800 евра за во карантин

Објавено пред

Посетителите кои ќе се решат да дојдат во Велика Британија можеби ќе треба да платат 2.500 фунти (околу 2.800 евра) за да останат по хотели во карантин, според новиот план што го разгледуваат претставници на британската влада.

Поостриот пристап кон карантинот доаѓа со обидите на владата да го потисне ширењето на коронавирусот, бидејќи во Даунинг стрит (седиштето на британскиот премиер) постои страв дека новите, мутирани видови на ковид кои влегуваат во земјата можат да бидат отпорни на вакцината, објави „Дејли експрес“.

На британските власти им било наложено да ја следат сличната политика за карантин што веќе постои во Нов Зеланд – дека секој што би сакал да влезе во земјата мора да плати за трошоците од двонеделниот карантин.

Вчера министерот за надворешни работи Доминик Раб рече дека владата ги разгледува сите опции.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија, Данска и Грција бараат одобрување за вакцината на „Астра зенека“

Објавено пред

Данска, Грција и Австрија ќе побараат од Европската агенција за лекови (ЕМА) брзо и „небирократско“ одобрување на вакцината на „Астра зенека“, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

По разговорите со колегите од кругот на земји кои први презедоа мерки во борбата против коронавирусот, Курц рече дека е договорена заедничка акција со премиерите на Данска и Грција.

„’Астра зенека’ е вакцина што ја развиваат познати експерти, ЕМА ги има сите информации за таа вакцина од 12 јануари. За мене е важно да се залагаме за побрза одлука на ЕМА“, објасни тој.

Курц побара итна, небирократска одлука за одобрување на вакцината.

Тој потсети дека вакцината веќе се користи во Велика Британија и некои други земји.

Тој исто така посочи дека ЕМА требало да одржи седница на крајот на месецот во врска со одлуката за одобрување на вакцината на „Астра зенека“.

„Секој ден е важен за нас. Новиот вид е јасно позаразен, па затоа нè става пред голем предизвик. Секој ден што се добива со побрзо одобрување на вакцината е добиен ден во борбата против коронавирусот”, нагласи тој.

Тој исто така побара да се донесе јасна стратегија за патување во ЕУ, односно влез од таканаречените трети земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија55 минути

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние коишто се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со...

Европа1 час

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус.Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, кај 73 пациенти и...

Регион1 час

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот...

Свет2 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион2 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет3 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет3 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет3 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет14 часа

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ14 часа

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет15 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет16 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион17 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија20 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија21 час

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија23 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет1 ден

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт1 ден

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион1 ден

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Досие