Контакт

Свет

Иранската морнарица тврди дека може да собори уште американски дронови

Објавено пред

Командантот на иранската морнарица, Хосеин Хазади, им се закани на САД дека Техеран е способен да уништи и други американски шпионски беспилотни летала како тоа минатата недела.

Агенцијата „Тасним“ пренесе предупредување од адмирал Хазади упатено за време на состанок со група воени функционери.

Хазади истакнал дека Иран секогаш може да обезбеди интензивен одговор и дека непријателот тоа добро го знае, објави АП.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела нареди, па во последен момент го откажа воениот удар врз Иран, по соборувањето на дронот.

Свет

Почина генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија

Објавено пред

Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Јукија Амано (72), почина денеска, соопшти ИАЕА.

„Секретаријатот на ИАЕА со длабоко жалење ве информира дека генералниот директор Јукија Амано почина”, наведено е во писмото на ИАЕА до земјите членки на организацијата, пренесува „Ројтерс“.

Амано на позицијата генерален директор беше од 2009 година.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Објавено пред

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште еден од низата насилни инциденти во некогаш гламурозното одморалиште на пацифичкиот брег.

Обвинителството на државата Героро соопшти дека жртвите биле жители на Акапулко и дека бил уапсен еден осомничен.

На местото на злосторството, форензичарите пронајдоа 21 чаура.

Се тврди дека пукањето се случило во локалот Мистер бар, кој се наоѓа во таканаречената златна зона, на една од широките авении во градот, спроти луксузни хотели на брегот, објави во неделата АП.

Полицијата ги испита сведоците за да утврди дали станува збор за напад или караница меѓу гостите.

Властите започнаа безбедносна операција на почетокот на туристичката сезона неколку дена претходно во Акапулко.

Државата Гереро и Акапулко забележуваат пораст на насилство и на бројот на убиства, а во тој град, кој некогаш беше популарен меѓу холивудскиот џет-сет, бројот на туристите опадна.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Објавено пред

Со оглед дека британските официјални прететсвници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупреди на можноста од ескалација на тензиите во Заливот.

Велика Британија претходно запленетиот танкер во Ормутскиот теснец го нарече „непријателски чин“.

„Британија мора да ги смири оние политички сили кои сакаат ескалација на тензиите, многу поголема од прашањето на запленувањето на танкерот. Моментумот во регионот е многу опасен и чуствителен. Иран е подготвен на различни сценарија“ на Твитер објави Бединеџад.

Претходно британскиот министер за одбрана, Тобијас Елвуд, не ја исклучи можноста од воведување санкции кон Техеран. Тој нагласи дека се разгледуваат различни одговори кон Техеран, меѓу кои се и санкциите и дека Лондон за тоа ќе разговара со сојузниците.

Британскиот шеф на дипломатијата Џереми Хант синоќа во телефонски разговор со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф изрази „екстремна разочараност“ заради запленувањето на танкерот со нафта во Ормутскиот теснец, додека Зарафи му пренел дека танкерот ги прекршил поморските правила и дека мора да мине предвидениот правен процес.

Иранската Револуционерна гарда во петокот го пресретна и заплени танкерот „Стена имперо“, додека на него се наоѓаа 23 членови на екипажот, а во меѓувреме Иран сооошти дека сите морнари се добри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет48 минути

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални прететсвници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 час

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 час

Зеленски понуди сојуз на рок ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите според излезните анкети,...

Македонија12 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија13 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион15 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија17 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија18 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија21 час

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет21 час

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет22 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија23 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет24 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 дена

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија2 дена

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија2 дена

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија2 дена

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија2 дена

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Досие