Контакт

Свет

Иранскиот претседател тврди дека убиството на Кашоги било поддржано од САД

Објавено пред

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, објави дека Саудиска Арабија не би го убила истакнатиот новинар Џамал Кашоги без американска заштита, пренесува ИРНА.

„Никој не би можел да замисли дека во новиот век ќе бидеме сведоци на такво организирано убиство и дека некој систем планирал такво грозоморно убиство. Не мислам дека една земја би се осмелила да изврши такво кривично дело, без заштита од Америка“, рече Рохани.

Џамал Кашоги, кој беше колумнист на „Вашингтон пост“ и беше познат по своите критики за саудиските власти, исчезна во Истанбул на 2 октомври кога влезе во саудискиот конзулат и никогаш не излезе оттаму. Инцидентот предизвика бесни реакции во Турција и во многу западни земји.

Откако две недели негира дека не знае каде е Кашоги, Саудиска Арабија во петокот призна дека новинарот умрел во тепачка во саудискиот конзулат. Ријад исто така рече дека 18 лица биле уапсени поради вмешаност во инцидентот. Турција спроведува посебна истрага за смртта на новинарот.

Иранскиот претседател исто така инсистира на тоа дека благодарение на американската заштита Саудиска Арабија успеала да изврши бомбашки напади против цивилите во Јемен.

„Ако немаше американска заштита, дали луѓето од Јемен би се соочиле со истиот брутален бомбашки напад?“, праша Рохани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Протести во Бугарија, блокирани граничните премини

Објавено пред

Илјадници Бугари ги блокираа главните улици и граничните премини кон Турција и Грција во знак на протест против поскапувањето на горивата во најсиромашната земја во Европската Унија.

„Анадолија“ објави дека биле блокирани и граничните премини со Романија и со Србија.

Протестите се одржуваат секој викенд во текот на изминатиов месец. Демонстрантите повеќе часа го блокираат сообраќајот на повеќе места на главните автопати.

На автопатот кој води кон границата со Турција полицијата се обидела да ги спречи возачите да го блокираат сообраќајот, но тие го пробиле кордонот.

Протестни собори се одржаа во Софија и во другите поголеми градови, а учесниците и за утре најавија блокади на улиците.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон ја губи популарноста

Објавено пред

Рејтингот на францускиот претседател, Емануел Макрон, во последните неколку недели е во постојан пад, покажа најновото истражување на јавното мислење чии резултати беа објавени денеска, во момент додека во земјата се одржуваат протести поради зголемување на данокот за гориво.

Само 25 отсто од испитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на Макрон, во споредба со 29 отсто во октомври, покажа испитувањето на Ифоп спроведено од 9 до 17 ноември на 2 000 луѓе.

Макрон, кој дојде на власт пред 18 месеци, ветувајќи дека ќе ја трансформира економијата и ќе ги реформира институциите го занемарува падот на неговиот рејтинг и инсистира на спроведувањето на низа реформи од кои граѓаните не се задоволни.

Прикажи повеќе...

Европа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Објавено пред

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година, соопшти Светската здравствена организација по повод Светскиот ден на жртвите на сообраќајни несреќи кој се одбележува секоја трета недела во ноември.

Сообраќајните несреќи се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 14 години и втора причина за смртност кај младите на возраст од 15 до 29 години.

СЗО наведува дека сообраќајните несреќи не се несреќи кои се дефинираат како неочекуван и непредвидлив настан кој не може да се спречи, туку како настан кој има свои фактори на ризик и со самото тоа може да се превенираат.

Главни фактори за ризик се брзото возење, алкохолот, некористењето на кацига, појас и детски седишта и се поврзани со половина од смртните случаи во сообраќајките во Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Протест пред Собрание: „Нема да го повториме 27 април 2017“

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба...

Европа2 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести3 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија4 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет6 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија7 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски9 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет9 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион9 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет11 час

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Досие