Контакт

Свет

Иранскиот претседател ја нарече сегашната влада на САД најлоша во историјата на Америка

Објавено пред

Иранскиот претседател Хасан Рохани почна тирада против САД во говорот што се емитуваше на државната телевизија во вторникот, велејќи дека сегашната американска влада е најлошата во историјата на Америка, пренесува „Спутник“.

Рохани зборуваше и за претстојните парламентарни избори во Иран закажани за следниот месец, истакнувајќи дека нивниот исход ќе влијае врз регионалната и меѓународната политика.

Рохани претходно ги повика Иранците да излезат на изборите, додавајќи дека не треба да дозволат американскиот претседател Доналд Трамп да го уништи нивното национално единство.

Парламентарните избори закажани за 21 февруари ќе ја утврдат судбината на 285 места во иранскиот парламент. Гласањето ќе се одржи во период додека земјата сè уште закрепнува од смртта на командантот на силите Кудс, генерал Касем Сулејмани, и од трагичниот инцидент со соборување авион во кој загинаа 178 лица.

Регион

Дачиќ е избран за претседател на српското Собрание

Објавено пред

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ е избран за претседател на Српскиот парламент. Со 226 гласа ЗА и 1 против беше изгласана за новата функција.

„ Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мојот избор на висока функција. Сакам да им кажам на оние кои не гласаа или беа против дека ова е собрание на сите граѓани и дека единственото нешто што го барам е толеранција. Само обединета Србија може да одговори на предизвиците кои не чекаат. Му благодарам на претседателот Александар Вучиќ на предлогот за мојот избор и за мене, како државотворен политичар, ова пртетставува најголема чест, оти ова е една од највисоките места во власта во државата. Сакам да придонесам за политичкото единство во Србија и да го заштитам угледот на Собранието, изјави Дачиќ.

Пред да биде избран за претседател на Собранието, Дачиќ и ја предаде должноста шеф на дипломатијата на премиерката Ана Брнабиќ, која ќе биде в.д. на позицијата до изборот на новата влада што се очекува во среда, на 28 октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Спречен терористички напад во Москва

Објавено пред

Руските безбедносни служби спречија терористички напад со бомба и приведоа човек што се подготвувал да активира бомба пред зградата на владата, објави Федералната служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ го опиша човекот како личност од Централна Азија додавајќи дека тој дејствувал по наредба на меѓународна терористичка група.

Ваквите инциденти се ретки во главниот град, а вработен во ФСБ беше убиен во центарот на Москва во декември минатата година кога маж пукаше кон зградите на ФСБ.

Федералната служба за безбедност објави дека пронашла делови од импровизирана експлозивна направа меѓу предметите на притворениот човек со упатства за правење експлозив и преписка со други милитанти.

„Сторителот планирал да отпатува во борбена зона на Блискиот Исток за да учествува во активностите на терористичките групи“, објави ФСБ на својата веб-страница.

Исто така, беше речено дека се водат истраги и дека е поведена кривична постапка.

Прикажи повеќе...

Свет

Закани за обезглавување до претседател на општина во Франција

Објавено пред

Претседателот на општина Брон во Лион, Жереми Брод, денеска доби закани за обезглавување.

Графитите „Жереми Брод, ќе ти ја отсечеме главата“ и навредливите пораки испратени до општинската полиција ноќеска беа напишани на еден ѕид, пренесува порталот од Лион, „Прогрес“.

Како што се наведува, 20-ина лица учествувале во пишување на графитите.

На овие закани реагира и министерот за внатрешни работи, Жерард Дерманин, кој на својот „Твитер“ напиша дека дал наредба да се преземат законски и други средства за заштита на Брод.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Дачиќ е избран за претседател на српското Собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ е избран за претседател на...

Македонија2 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет2 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет3 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија4 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија6 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа6 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија9 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион9 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет10 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија10 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет11 час

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија12 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет1 ден

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија1 ден

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 ден

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Досие