Свет
Ирански свештеник: Не вакцинирајте се против коронавирус, ќе станете хомосексуалци

Иранскиот свештеник Абабс Табризијан им рече на своите приврзаници дека вакцината против коронавирус „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што се казнува со смрт во Иран.
„Не приближувајте се до оние кои биле вакцинирани. Тие станаа хомосексуалци”, напиша Табризијан на една социјална платформа.
59-годишниот Иранец е познат по промовирање фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година тој го запали „медицинскиот прирачник на Харисон“ пред камерата, тврдејќи дека исламската медицина ги прави ваквите книги ирелевантни.
„Како и другите свештеници во режимот, Табризијан ги поврзува сите недостатоци со сексуалноста“, изјави иранската дисидентка Шеина Војуди за „Џерусалим пост“.
Таа додава дека свештениците во Иран страдаат од недостиг на знаење и хуманост. „Всушност, нивната цел е да се обидат да ги исплашат луѓето од вакцинациите, додека лидерот на режимот и други официјални лица ја добија вакцината на ‘Фајзер’, а на луѓето не им ја даваат со изговор дека не треба да му веруваат на Западот “, нагласува таа.
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, на почетокот на годината забрани увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги овие западни сили како несигурни. Пред две недели Иран ја одобри руската вакцина „спутник В“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Вашингтон: Кина насилно ги подложи нашите дипломати на анални тестови за ковид

Кина негираше дека ги подложила американските дипломати на анални тестови за Ковид-19 откако Вашингтон објави дека некои членови на американскиот персонал морале да ја поминат таа постапка.
Вашингтон се пожали дека постапката е „недостојна“ и им порача на персоналот да го одбијат тестот доколку од нив биде побарано да го сторат тоа.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека „Кина никогаш не побарала од американски дипломати во таа земја да поминат низ процедурата за земање брисеви од анусот“.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека Вашингтон е „посветен на гарантирање на безбедноста на американските дипломати и нивните семејства и зачувување на нивното достоинство во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи и другите релевантни членови на дипломатското право“.
Американскиот весник „Вашингтон пост“ минатата недела напиша дека одредени членови на дипломатскиот персонал пријавиле во Стејт департментот дека биле подложени на ваков вид тестови. Оваа постапка се изведува во Кина затоа што, според некои извештаи, таа е многу попрецизна од брис од нос или уста.
Европа
Измамници им понудиле 400 милиони дози лажни вакцини на земјите од ЕУ

Измамници понудиле 400 милиони дози вакцини за коронавирус на земјите од ЕУ во вредност од околу три милијарди евра, пренесува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на два анонимни извори.
Според „Ројтерс“, еден од нив рекол дека „трговците“ им нуделе вакцини на „Астразенека“ на владите на ЕУ и ја споредил ситуацијата со слична таква на почетокот на пандемијата, кога лажните трговци го искористиле недостигот на маски и друга заштитна опрема.
Еден од официјалните лица за „Ројтерс“ изјавил дека станува збор за голема количина дози на вакцини и дека никој не знае што всушност има во нив, солена вода или нешто друго.
„Во најдобар случај, вакцината нема да дејствува, во најлош случај, тоа е многу сериозен проблем“, рекол анонимниот извор.
Второто анонимно лице кажало дека ЕК е многу загрижена за тие вакцини.
Европската Унија претходно предупреди дека бројот на измами со вакцини е во пораст, како и дека лажните дози кружат на пазарот.
Свет
„Фајзер“ ja тестира третата вакцина против Ковид-19 поради појавата на нови видови

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денес објави дека започнала со тестирање на третата вакцина како дел од стратегијата за заштита од мутирани видови коронавирус.
Здравствените власти велат дека првата генерација вакцини против Ковид-19 сè уште штитат од варијантите што се појавија во различни делови на светот.
Сепак, производителите почнуваат да се подготвуваат во случај да се појават соеви на вирус кои се поотпорни на вакцини, според „Ројтерс“.
„Фајзер соопшти дека 144 волонтери ќе учествуваат во третото испитување на дозата за да утврдат дали дополнителна доза дадена шест до 12 месеци по првите две ќе го зајакне имунитетот доволно за да се одбрани од мутираниот вирус.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер