Контакт

Свет

Иранците гласаат на парламентарни избори

Објавено пред

Почна гласањето на парламентарните избори во Иран, каде што конзервативците се фаворити поради незадоволството од претседателот Хасан Рохани, поттикнато и од економската криза и другите проблеми.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Каменеи, гласаше рано на денот на изборите. Тој ги повика 58-те милиони гласачи во Иран да гласаат во голем број и што е можно побргу за да се гарантира националниот интерес.

Свет

(Видео) Њујоршкиот Централ парк станува болница за 50.000 пациенти

Објавено пред

Во Централ парк во Њујорк започна поставувањето на голема полска болница, таму веќе има околу 50.000 кревети, но се очекува дека до вторник ќе може да прими нови пациенти заболени од коронавирус, кои ги има 33.776 во Големото јаболко.

На источната страна на паркот свртен кон болницата „Маунт Синај“ ќе има 14 шатори со 68 кревети, ќе има и интензивна нега со респиратори. Пациентите ќе бидат згрижени од тим лекари и медицински сестри кои им помагале на заразените со ебола во Западна Африка, но и на бегалци од Сирија во Ирак, како и на погодените од земјотресот во Еквадор, пренесува „Њујорк пост“.

Координаторот на здравствените работници, Елиот Тенпени рече дека очекува болницата да започне со работа во рок од 48 часа.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Мадрид отворeна нова мртовечница за жртвите од Ковид-19, нивниот бројот надмина 6.000

Објавено пред

Во шпанската престолнина Мадрид ќе се отвори новa мртовечница за жртвите на Ковид-19, во услови на зголемен број на смртни случаи во текот на изминатата недела, пренесува „Спутник“.

Околу 6.803 луѓе му подлегнаа на вирусот Ковид-19 во Шпанија, каде што бројот на заразени е 80.100 луѓе, со што Шпанија е четврта најлошо погодена нација од коронавирусот во светот.

Новата мртовечница е поставена како проширување на привремен објект во внатрешноста на лизгалиштето за мраз, кое беше претворено во импровизирана мртовечница.

Прикажи повеќе...

Свет

Шест војници убиени во напад на талибанците во Јужен Авганистан

Објавено пред

Талибанците нападнале контролен пункт на Авганистанската национална армија во јужната провинција Забул, при што загинаа шест војници, соопшти авганистанското Министерство за одбрана, пренесува „Спутник“.

Нападот се случил во областа Аргандаб доцна од неделата како резултат на инфилтрација во вооружените сили. Напаѓачот одзел неколку оружја и избегал од областа. Неколку милитанти биле убиени во последователните судири со вооружените сили.

Гувернерот на Забул, Рахматула Јармал, негирал дека трупите биле убиени како резултат на инфилтрација. Тој тврди дека шест војници загинале по судирите со Талибанците кои планирале масовен напад во областа.

Талибанците сè уште не го коментирале инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија1 час

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа2 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет2 часа

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ3 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет4 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет18 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија21 час

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија22 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија22 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија23 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија24 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија1 ден

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија1 ден

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 ден

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 ден

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа2 дена

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија2 дена

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Досие