Свет
Иран: Американските санкции на иранските метали се против меѓународните норми
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, рече дека санкциите на САД на иранските метали се против меѓународните норми, пренесува „Спутник“.
„Оваа американска мерка е против меѓународните заложби на овој режим. Таа е против меѓународните норми. САД ќе бидат одговорни за предизвиканите загуби“, рече Мусави цитиран од иранската новинската агенција ИСНА.
Во средата САД воведоа нови санкции за Иран, кои се однесуваат на железо, челик, алуминиум и бакар. Американскиот претседател, Доналд Трамп, нагласи дека Вашингтон ги предупредува другите нации да не увезуваат ирански метали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка заплени ирански танкер во Индискиот Океан
САД запленија танкер поврзан со Иран во Индискиот Океан, објави „Волстрит журнал“, додека Вашингтон продолжува да го зголемува воениот и економскиот притисок врз Техеран и покрај тековните разговори.
Танкерот, наречен „Skywave“, беше ставен под санкции на САД во март поради неговата улога во транспортот на иранска нафта и веројатно превезувал повеќе од еден милион барели сурова нафта што биле натоварени на иранскиот остров Харг во февруари, се вели во извештајот.
„Волстрит журнал“, повикувајќи се на посредници и податоци од компанијата „Lloyd’s List Intelligence“, соопшти дека бродот работел во област позната по тајните трансфери на нафта од брод до брод.
Веста доаѓа во време кога тензиите на Блискиот Исток остануваат високи по нападите на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари.
Техеран возврати со напади насочени кон Израел и сојузниците на САД во Заливот, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, како и со затворање на Ормускиот теснец.
Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор. Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна го продолжи примирјето на неодредено време.
Европа
Калас: Русија би можела да ја тестира европската одбрана во следните пет години
Намалувањето на военото присуство на САД на европско тло нема да го ослаби одвраќањето на НАТО на неговото источно крило, но Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
„Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана“, изјави Калас на дебата во Европскиот парламент. Таа рече дека намалувањето на бројот на американски војници во Европа е очекувано бидејќи Вашингтон го префрла својот фокус кон Индо-Пацификот, но дека тоа нема да влијае на одвраќањето на НАТО. Таа додаде дека присуството на американски војници во Европа е во интерес на Европа, но и во интерес на САД.
„НАТО ќе продолжи да има силно присуство на своето источно крило, а одвраќањето на НАТО останува недопрено“, рече таа.
Зборувајќи пред европратениците во Стразбур, Калас рече дека Русија троши 8 проценти од својот БДП за војската и дека тенковите, ракетите и другото оружје се речиси сè што моментално произведува, а дали рускиот претседател Владимир Путин ќе се осмели да ја тестира европската одбрана зависи од самата Европа.
„Одвраќањето функционира само ако е веродостојно, покажувањето слабост само повикува агресија“, рече таа, додавајќи дека, според проценките на европските разузнавачки агенции, Русија би можела да ги тестира одбранбените способности на ЕУ во следните три до пет години.
„Одвраќањето е поевтино од водењето војна. Овие предизвици не се привремени, тие веројатно ќе ја обликуваат европската безбедност во наредните децении“, рече Калас. Затоа, потребно е да се продолжи со поддршката на Украина, која е на првата линија на одбраната, бранејќи ја Европа и купувајќи ѝ време да ја зајакне својата одбрана, вели високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Свет
Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина
Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара за проширување на врските и за горливите глобални прашања, пренесува агенцијата „ДПА“.
Путин е придружуван од делегација составена од министри, бизнис лидери и високи функционери, вклучувајќи ја и гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина, како и шефовите на големите енергетски компании како „Гаспром“ и „Роснефт“, соопшти Кремљ.
Поради западните санкции воведени како одговор на руската војна против Украина, многу руски компании станаа зависни од Кина како трговски партнер. Во видеото снимено пред неговото пристигнување во Пекинг, Путин изјави дека е задоволен што повторно ја посетува Кина и ги истакна поблиските контакти меѓу луѓето благодарение на новиот договор за безвизен режим меѓу двете земји. Путин исто така посочи дека обемот на трговската размена меѓу земјите пораснал на повеќе од 200 милијарди долари.
До посетата на Путин на Кина доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши својата посета на таа земја. Иако се очекува Ши да го информира Путин за тие разговори, официјални лица од Кремљ изјавија дека посетата била планирана однапред и дека не претставува директен одговор на Трамп.
Пекиншкиот „Глобал тајмс“ (Global Times) напиша дека Кина сè повеќе се развива во центар на светската дипломатија. Повикувајќи се на аналитичари, медиумот наведе дека од Студената војна наваму е исклучително ретко една земја да ги прими лидерите на САД и Русија еден по друг во рок од една недела.
Разговорите меѓу Путин и Ши се закажани за утре, а ќе бидат фокусирани на понатамошниот развој на она што двете страни го опишуваат како привилегирано стратешко партнерство, како и на регионалните и меѓународните прашања.
Според Кремљ, лидерите ќе потпишат заедничка декларација и низа билатерални договори. Советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека вкупно би можеле да се потпишат околу 40 документи кои ги опфаќаат индустријата, трговијата, транспортот и градежништвото.
