Свет
Иран: Имаме законско право да го казниме Израел
Иран објави дека има законски право да го казни својот заколнат непријател Израел за атентатот што му го припишува во Техеран на палестинскиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије.
„Ние веруваме дека нашето право да ја браниме сопствената национална безбедност, но суверенитетот и територијалниот интегритет, е неоспорно“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Иран, палестинското исламистичко движење Хамас и неговиот либански сојузник Хезболах го обвинуваат Израел за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во средата во Техеран.
Неговата смрт дојде неколку часа по друг напад за кој Израел ја презеде одговорноста. Во израелски напад недалеку од Бејрут е убиен и воениот лидер на либанското движење, Фуад Шукр.
„Законско право на Иран е да го казни Израел“, рече Канани.
Загриженоста за можна воена ескалација на Блискиот Исток расте, особено по сѐ почестите закани што Иран и неговите сојузници ги упатуваа кон Израел во последните денови.
„Доколку регионалните влади и меѓународната заедница ја исполнеа својата законска должност и вршеа притисок врз ционистичкиот режим, веројатно немаше да бидеме сведоци на такви немири и ескалација на ризикот од конфликт во регионот“, нагласи портпаролот.
Израелската влада вели дека земјата има „многу високо ниво на подготвеност за секое сценарио – и дефанзивно и офанзивно“.
Главниот сојузник на Израел, САД, најави зголемено воено присуство на Блискиот Исток, особено за да се зголеми поддршката за одбраната на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинските хакери нападнаа руски банки: блокирани сметките на граѓани низ целата држава
Хакери од Главната управа за разузнавање на Украина извршија уште еден сајбер напад врз банкарскиот систем на Руската Федерација.
„Како резултат на операцијата, беше нарушена работата на најголемите банкарски институции на државата агресор, кои ја обезбедуваат работата на окупаторските сили на вооружените сили на Русија“, се вели во соопштението на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана во Украина.
Се наведува дека Банката на Русија, Тинкоф банка, Газ банка и платниот систем на СБП биле под сајбер напад, пренесува „Укринформ“.
Корисниците во многу региони на Руската Федерација се жалат на блокираното работење на онлајн услугите на финансиските институции, неможноста да се користи лична сметка, суспензијата на веб-страниците и мобилните апликации на банките. Исто така, клиентите на банките не можат да плаќаат за услуги преку Интернет.
Во соопштението на ГУР се истакнува дека на 7 септември бил извршен сајбер напад врз бројни руски ресурси вклучени во водењето на војната.
Особено беа нападнати претпријатијата кои произведуваат елементи за радио-електронската база, други резервни делови за руско оружје и опрема за обработка на метал.
Погодени се и ресурсите на компаниите кои учествуваат во развојот на воената инфраструктура на Русија, се додава во соопштението.
Свет
Eксплодира цистерна на Хаитите, најмалку 15 загинати
Најмалку 15 луѓе во западниот дел на Хаитите загинаа по експлозија на цистерна полна со гориво, објави денеска премиерот на Хаити, Гари Конил, на социјалните мрежи.
Околу 40 луѓе се тешко изгорени во инцидентот што се случи кај Мирагоане во областа Нипс, соопшти премиерот. Ова се прелиминарни бројки, додаде тој.
Регион
Ердоган ги спореди израелските напади во Газа со геноцидот во Сребреница
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска по разговорот со претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ изјави дека Израел ќе одговара за злосторствата во Газа, споредувајќи ги со геноцидот во Сребреница.
„За жал, денес во Газа и на окупираните палестински територии сме сведоци на сличен масакр што беше извршен пред очите на целиот свет во Босна и Херцеговина во 1990-тите“, рече Ердоган, кој денеска го прими Беќировиќ во Истанбул.
Тој додаде дека Израел ќе биде кривично гонет за убиствата на повеќе од 41.000 Палестинци во Газа, вклучително и турскиот активист Ајсенур Езги Ејги, кој беше убиен на Западниот Брег минатата недела.
„Сторителите на геноцидот во Газа, како оние во Сребреница во 1995 година, ќе одговараат пред меѓународните судови“, рече Ердоган.
Тој потсети дека Турција ја спонзорирала Резолуцијата на ОН за осуда на геноцидот во Сребреница и дека таа земја се залага за стабилноста на Босна и Херцеговина. Тој ги повика властите во БиХ да се приклучат во борбата против движењето ФЕТО, сметајќи дека таа организација е терористичка.
Фето е движење на Фетулах Ѓулен, поранешен сојузник, а сега противник на претседателот Ердоган, кого го смета за виновен за обидот за воен удар во јули 2016 година. Беќировиќ рече дека пријателството меѓу Босна и Херцеговина и Турција е нераскинливо.
„Република Турција е докажан пријател на Босна и Херцеговина и една од најсилните членки на НАТО алијансата и затоа, меѓу другото, нејзината поддршка за Босна и Херцеговина е исклучително важна“, нагласи Беќировиќ.