Контакт

Свет

Иран испратил пет тенкери во Венецуела среде американската економска блокада

Објавено пред

Пет ирански танкери со нафта наводно пловат кон Венецуела и носат гориво за оваа латиноамериканската држава, објави „Ал-Маздар њуз“ повикувајќи се на информации од поморските служби.

Три танкери – „Фортуна“, „Петунија“ и „Форест“, во моментот го преминуваат Атлантикот, а уште два („Факсон“ и „Клавел“) го преминуваат Средоземното Море.

Сепак, службата за мониторинг „Марин трафик“ укажува дека само еден од танкерите, „Форест“, се упатил кон Јужна Америка, без да се наведе конкретната земја, а другите допрва треба да ги објават своите целни пристаништа. Исто така, од информациите на системот за поморски мониторинг не е јасно каков товар носат.

Дури и ако танкерите се упатени кон Венецуела, може да се соочат со проблеми затоа што САД неодамна распоредија тројца уништувачи и борбениот брод „УСС Детроит“ до Карипското Море. Морнарицата на САД би можела да ги пресретне танкерите ако добие таква наредба.

И Венецуела и САД се жртви на истите американските санкции, а особено е погодена нивната нафтена индустрија. Капацитетите за рафинирање на Венецуела се наводно преполовени од заедничкото влијание на санкциите и економската криза, што доведе до недостиг од гориво.

Американскиот специјален претставник за Венецуела, Елиот Абрамс, претходно тврдеше дека Техеран го снабдува Каракас со опрема потребна за да ги рестартира рафинериите во земјата во замена за злато од резервите на Венецуела.

Иран ги критикува тврдењата како неосновани и ги осуди обидите на Вашингтон да ја уништи венецуелската економија и да го собори нејзиниот претседател Николас Мадуро. Техеран посочи дека обвинувањата служат само како изговор за нови санкции против двете држави.

Свет

Кипар ги укинува ограничувањата и ги очекува првите туристи

Објавено пред

Кипарската влада три недели порано ќе ги укине повеќето ограничувања наметнати поради пандемијата затоа што стапката на инфекција со вирусот е постојано мала, дури и по укинувањето на забраната за заминување во странство пред еден месец.

Министерот за здравство, Констандинос Јоану, изјави дека третата фаза од постепеното укинување на ограничувањата ќе биде завршена на 24 јуни наместо на 14 јули, како што беше планирано. Од 9 јуни повторно ќе почнат со работа трговските центри, аеродромот, хотелите, баровите и рестораните, летното кино и театрите на отворено. Од тогаш повторно ќе има спортски натпревари, но без публика, ќе почнат со работа и градинките, детските игралишта, летните училишта и училишните мензи. Казината, училиштата за танцување, спортските сали, аква-парковите ги отвораат своите врати четири дена подоцна, на 13 јуни. Ограничувањето за собирање до 10 лица на јавно место ќе остане во сила најмалку до 24 јуни.

Кината и театрите се очекува да бидат отворени на почетокот на август, а концертите, фестивалите, свадбите, крштевања и прославите ќе бидат дозволени само од 1 септември.

До денес Кипар објави 952 заразени со коронавирус и 17 смртни случаи. Владата се обидува да ги направи сите подготовки за пристигнувањето на странските туристи, кои носат 13 проценти од домашниот бруто-производ на Кипар, но сега работат само неколку хотели.

Комерцијалните воздушни врски е предвидено да почнат на 9 јуни, првично до аеродромите на 13 земји, вклучувајќи ги Германија, Финска, Грција, Австрија и Израел, кои се избрани поради ниската стапка на инфекција. Патниците ќе треба да покажат здравствени уверенија дека не се заразени со коронавирус.

Кипарските претставници за туризам сметаат дека на 20 јуни може да почне летната туристичка сезона. Тие очекуваат дека тогаш обврската за патниците да имаат здравст​_вени уверенија ќе биде укината, а ќе бидат дозволени летови од уште шест држави.

Кипарската влада се обврза да им ги плати сите трошоци за сместување, храна, пијалаци и лекување од Ковид-19, како и семејните трошоци, на секој што е позитивен на тестот на вирусот за време на одморот на Кипар. Пациентите ќе треба само да плаќаат за такси-превозот до аеродромот и да се вратат дома.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Откриена тајната на мистериозниот кратер на Јамал во Сибир

Објавено пред

Руските научници го откриле потеклото на мистериозниот кратер откриен на полуостровот Јамал во Сибир во 2017 година, пренесува „Спутник“.

Резултатите од истражувањата покажале дека тој се создал поради емисиите метан што може да се последица на глобалното загревање, пишува магазинот „Гео сајенс“.

Експертите собрале податоци во текот на експедицијата во долината на реката е Јоркута-Јаха во јуни 2017 година, во текот на која било вршено набљудување и земање примероци од вечниот мраз од дното на кратерот.

Примероците биле проверувани за присуство на јаглероден диоксид, метан и други гасови.

Овој феномен е поврзан со емисијата гасови од земјата што се ослободуваат со топењето на вечниот мраз. Резултатите од истражувањето покажале намалена концентрација на метанот во споредба со јаглеродниот диоксид. Во овој случај, гасот се појавил од подлабок извор.

Научниците дошле до заклучок дека кратерот на Јамал се создал како последица на различни процеси кои се одвивале на голема длабочина и во близина на површината.

Метанот се собирал во слоевите земја кои не мрзнат, а се нарекуваат талик, додека таликот бил опкружен со мраз. Поради акумулирањето на гасот, притисокот во природната комора се зголемувал сè додека не дошло до експлозија проследена со ерупција на вода и мраз.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Следат големи притисоци поради Косово, ни треба силна влада

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека очекува големи притисоци по прашањето за решавање на косовскиот проблем и дека е важно Србија по изборите да добие силна влада, пренесува „Вечерње новости“.

Тој посочи дека притоа сигурно нема да ѝ биде лесно на државата, но нагласи дека ќе мора и Србија да се прашува во процесот.

„Сите имаат свои решенија, а нас уште никој ништо не нè прашал, како да не станува збор за наша земја и за нешто за што сме заинтересирани и ние и Албанците. Богами, ќе мора да нè прашате и нас што сме оттука и што живееме тука“, истакна тој.

Вучиќ рече дека не може и да се постапува неодговорно и да се вели „многу сме јаки и сите ќе ги згазиме“.

„Ние ли ќе згазиме и ќе победиме кога нешто ќе ви речат заедно Германија, Русија, САД. Дајте луѓе, запрете. Мора да се обидеме низ иглени уши да протнеме дел од нашите барања и да видиме што можеме да добиеме и да се бориме да ги зачуваме мирот и иднината“, рече тој.

Вучиќ додаде дека Србите на Косово го разбираат тоа и не велат дека луѓето на власт се предавници, туку дека тоа го кажуваат од кафеаните зашто тоа е многу полесно, а одговорност нема.

„Прашањето е премногу сериозно и тешко, и во следните шест месеци и во наредните години ќе биде клучно политичко прашање“, посочи тој.

Вучиќ повтори дека Белград е секогаш подготвен за разговори, но дека Косово мора прво да ги укине таксите. Според него, Белград може да ја прекине кампањата за повлекување на признавањето на Косово, но само ако Приштина ја прекине кампањата за влез во меѓународните организации.

„Тоа им го нудев изминатите години за да немаме зла крв, за да ги заштитам луѓето и таа зла крв да не се одмазди никаде. Секогаш се трудев да добиеме што повеќе на мирен начин, но унилатерално не можеме ништо“, додаде тој.

Вучиќ потсети дека најмоќните земји од ЕУ ја признале косовската независност и дека ни Франција, ни Германија, ни Италија како ни САД нема да го сменат ставот по тоа прашање, така што нема смисла да ги лаже граѓаните дека такво нешто ќе се случи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Велешкото обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ2 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија2 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија3 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија5 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион5 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија5 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија6 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ6 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија7 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион9 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет10 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет10 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет10 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија11 час

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија21 час

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија22 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија23 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ1 ден

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија1 ден

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Досие