Контакт

Свет

Иран почна проби со напредни центрифуги ИР -9 за збогатување ураниум

Објавено пред

Иранските специјалисти започнаа проби со напредните центрифуги ИР-9 за збогатување ураниум, објави денеска портпаролот на Иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, пренесува ИСНА.

„Еден од напредоците направени во областа на збогатувањето на ураниум е почнување механички проби со центрифугите ИР-9 со производна можност од 50 SWU“, рече тој за ИСНА.

Камалванди додаде дека оваа опрема е целосно домашно произведена, развиена и функционира во согласност со новите стандарди.

Иран работи на развој на нови и надградба на постојните центрифуги за збогатување ураниум. Како одговор на повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, Иран почна да користи напредни центрифуги на своите нуклеарни локации.

На 1 април, Иран почна со збогатување ураниум во подземниот објект „Натанц“ преку четвртата каскада од центрифугите од класа ИР-2м. Во моментов, Иран збогатува ураниум преку центрифугите ИР-1, ИР-2м и ИР-4. Според нуклеарниот договор,  на Иран му е дозволено да користи само центрифуги ИР-1.

Свет

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Објавено пред

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил легално две полуавтоматски пушки.

Како што јавија американските медиуми, тој ги искористил овие пушки за да го изврши злосторството.

Тој го купил оружјето неколку месеци откако излегол од психијатриска установа, соопшти полицијата.

19-годишниот убиец Брендон Хол, поранешен вработен во филијалата на „Федекс“ во Индијанаполис, купил две пушки, едната во јули, а другата во септември минатата година, потврди полицијата на Индијанаполис, не сакајќи да открие каде точно е купено оружјето, пренесува „Ројтерс“.

Федералното биро за истраги (ФБИ) објави дека полицијата во Индијанаполис привремено го привела Брендон Хол во март 2020 година поради психијатриски проблеми, откако неговата мајка поднела пријава и предупредила дека нејзиниот син може да изврши таканаречено „самоубиство со помош на полицијата“, односно да ја испровоцира полицијата да го убие.

Во тоа време во неговата куќа била запленета ловечка пушка, а поради запленување на оружје и други предмети пронајдени во спалната соба на Хол во април 2020 година, убиецот од Индијанаполис бил интервјуиран од ФБИ, потврди Пол Кинан, специјален агент кој ја води истрагата.

По злосторството во Индијанаполис, американскиот претседател Џо Бајден рече дека убиствата со оружје се национална срамота и го повика Конгресот да забрани употреба на автоматско оружје слично на она што го користат припадниците на вооружените сили.

Претходно, Белата куќа објави дека пукањето во зградата на „Федекс“ во Индијанаполис е доказ за епидемијата на вооружено насилство во САД, што покажува потреба од итна акција на Конгресот за мерки за побезбедна продажба и ракување со оружје.

Прикажи повеќе...

Свет

Келин: Руските власти нема да дозволат Навални да умре во затвор

Објавено пред

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си дека власта нема да дозволи Алексеј Навални да умре во затвор.

„Секако дека нема да дозволиме да умре, но можам да кажам дека Навални се однесува како хулиган и дека се обидува да го прекрши секое правило во затворот“, рече Келин.

Според него, еден ден Навални се жали дека го боли левата рака, а следниот ден левата нога.

„И сето ова го прави за да привлече внимание. Ако се однесуваше нормално, ќе имаше веројатност дека, како и секој друг затвореник, ќе биде ослободен порано“, рече Келин, додавајќи дека нормалното однесување подразбира само почитување на прописите за време на издржувањето на казната.

Четворица руски лекари, вклучувајќи ја и личната докторка на Навални, Анастасија Васиjeева, испратиле писмо до затворските власти со барање да им биде дозволено веднаш да го прегледаат.

Тие тврдат дека врз основа на лабораториски анализи, чии резултати ги добиле, Навални е во опасност од откажување на срцето и бубрезите и дека тоа може да се случи во секој момент.

Претходно денеска, Џејк Саливан, советник на претседателот на САД, Џо Бајден, во емисијата на Си-Ен-Ен „Стејт оф јунион“ изјави дека владата ѝ соопштила на Русија дека ќе има последици доколку Алексеј Навални почине.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата апелира да се намалат тензиите во источна Украина

Објавено пред

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска апелираше да се намалат тензиите во источна Украина, изразувајќи вознемиреност од трупањето на воени сили.

Според „Ројтерс“, Папата навел дека е длабоко убеден дека може да се избегне зголемување на напнатоста.

„Недостасуваат потези што ќе ја промовираат меѓусебната доверба, ќе го поттикнат помирувањето и мирот што се толку неопходни и толку посакувани“, рекол Папата за време на традиционалната молитва денеска напладне, прва по неколкунеделни мерки за заклучување.

Говорејќи пред неколку стотици верници на плоштадот Свети Петар, Папата рече дека ги следи засилените воени активности на границата меѓу Украина и Русија и ги осуди честите прекршувања на договорот за прекин на огнот во последните неколку месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Свет11 час

Келин: Руските власти нема да дозволат Навални да умре во затвор

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си дека власта нема да дозволи Алексеј Навални...

Македонија12 часа

Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризам

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните...

Македонија14 часа

Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието. „Ова во Собрание е тероризам,...

Македонија15 часа

Во Македонија 364 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 364 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеа 689 заболени,...

Македонија16 часа

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание,...

Свет19 часа

Инцидент на забава во САД – подот од куќата пропадна во подрумот, повредени над 30 луѓе

Најмалку 30 луѓе се повредени на забава кога се урнал подот на двокатна куќа во американската држава Џорџија. Полицијата соопшти...

Свет19 часа

Бабиш: Агeнтите кои го отруја Скрипаљ, се поврзани со експлозијата во Чешка

Двајца руски државјани, обвинети за труење на Сергеј Скрипаљ во 2018 година во градот Солсбери во Велика Британија, се поврзани...

Македонија21 час

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 42 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Свет21 час

(Видео) Во Кина пуштен во функција воз без машиновозач

Во Кина почна да работи линија на автономен воз без машиновозач и екипаж. Линијата е отворена во Чонгкинг и е...

Регион21 час

Белград би можел да биде домаќин на самитот Бајден и Путин

Прашањето дали Белград, како неутрален терен, може да биде домаќин на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател...

Македонија22 часа

Утре пристигнуваат вакцините на „Фајзер“

Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на...

Свет1 ден

Чешка протера руски дипломати

Чешка одлучи да протера 18 вработени во руската амбасада во Прага, за кои надлежните чешки служби тврдат дека се руски...

Свет1 ден

ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај...

Македонија2 дена

Нови 824 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313,...

Свет2 дена

Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат...

Свет2 дена

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде...

Економија2 дена

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија2 дена

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Досие