Свет
Иран привремено ослободи 54.000 затвореници поради коронавирусот

Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници за да се справи со ширењето на новиот коронавирус во преполните затвори, пренесува Би-би-си.
Портпаролот на судот, Голамхосеин Есмаили, рече дека ги ослободил затворениците кога биле тестирани на коронавирус. Сите оние што беа негативни на Ковид-19 беа ослободени со кауција привремено. Затворениците осудени на казна затвор повеќе од пет години нема да бидат ослободени, пренесува Би-би-си.
Меѓу оние што би можеле привремено да бидат ослободени е и британско-иранската хуманитарна работничка Назанин Загари-Ратклиф, која беше осудена на пет години затвор во 2016 година поради здружување за соборување на иранскиот режим, пренесуваат „Независне новине“.
Таа ги негира сите обвиненија. Постои можност Загари да биде ослободена денес, објави британската портпаролка Тулип Сидик на „Твитер“.
Вирусот уби најмалку 92 луѓе во Иран за помалку од две недели. Досега во оваа земја се заразени 2.922 лица. Меѓу заразените се 23 члена на иранскиот парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шест лица повредени во судир на автобус и камион: тешка сообраќајна несреќа во Ниш

Шест патници кои се наоѓале во автобусот на транспортната компанија „Нишекспрес“ се повредени во 14.30 часот во сообраќајна несреќа на крстосницата од Булевар 12. Февруари и улица Хумска во Ниш.
До несреќата дошло кога возило од градски сообраќај се судрило со камион со панчевски регистарски таблички.
Интервенирале две екипи на Брза помош и повредените патници ги пренеле во Универзитетскиот клинички центар Ниш.
Според првичните информации сите патници се со полесни повреди.
Полицијата врши увид, се утврдува причината за несреќата.
Свет
Ердоган: Злосторствата извршени од Израел не треба да останат неказнети

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека злосторствата извршени од Израел во Газа не треба да останат неказнети.
„Израелските воени злосторства, злосторствата против човештвото во Газа не треба да останат без одговор. Наш приоритет во моментов е да прогласиме траен прекин на огнот и да обезбедиме проток на хуманитарна помош“, рече Ердоган на 44-от самит на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) во главниот град на Катар, Доха, пренесува „Дејли Сабах“.
Ердоган нагласи дека е неопходно да се спречи злосторствата во Газа да се претворат во регионална војна која ја опфаќа и Сирија, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека администрацијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху „ја загрозува безбедноста и иднината на целиот наш регион со цел да го продолжи неговиот политички животен век“.
Регион
(Видео) Хрватските навивачи донесени во суд во Атина, еден од нив извика: Пленковиќ извади не надвор

Денеска, во судот во Атина продолжи распитот на Бeд Блу Бојс, осомничени за навивачките нереди во август во кои беше убиен еден навивач на АЕК.
Првата група од 38 навивачи вчера доби можност да ја дополни одбраната откако во истрагата беа извршени ДНК и дактилоскопски вештачења во кои не беа пронајдени нови докази против нив.
Денеска пред суд беше изведена уште една група.
На снимката од пристигнувањето на Бeд Блу Бојс во судот објавена од хрватската Н1, се слуша како еден од навивачите вика: „Пленковиќ, извади не надвор“.