Контакт

Свет

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Објавено пред

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу Техеран и Вашингтон, изјавил портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој рекол дека бескорисните санкции воведени кон иранското раководство и шефот на иранската дипломатија значи затворање на патот на дипломатијата за постојано со фрустрираната американска администрација, пренесе АП.

Претходно иранскиот министерза надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, по повод воведувањето на новите санкции кон неговата земја, изјави дека „политичките јастреби“ блиски на Трамп се жедни за војна наместо за дипломатија.

Тој на Твитер напиша дека американсакиот претседател е целосно во право кога вели дека американската војска нема што да бара во Персискиот залив, а дека повлекувањето на американските сили би било целосно во интерес на САД и на целиот свет.

Трамп вчера потпиша указ за воведувањенови санкции на Техеран нагласувајќи дека тие ќе го погодат врховниот лидер, ајаталахот Али Хамнеи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Случувањата во Боливија испраќаат јасен сигнал во Венецуела и Никарагва

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека оставката на боливискиот лидер Ево Моралес ја чува демократијата и го отвора патот да се слушне гласот на боливискиот народ.

Тој рече дека случувањата во Боливија им испраќаат јасен сигнал на Венецуела и Никарагва дека демократијата и волјата на народот секогаш победуваат.

Ево Моралес, пред два дена поднесе оставка, откако тоа од него го побара војската. На Моралес му беше одобрен азил од Мексико.

Прикажи повеќе...

Свет

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање. Центарот Картер соопшти дека на поранешниот американски претседател ќе му биде извршена операција за да се олесни притисокот врз мозокот предизвикан од крварење по неодамнешните паѓања

„Претседателот Картер се одмора, а неговата сопруга Розалин е со него“, велат од болницата.
        
Картер (95) пред три недели беше примен во универзитетската болница во Емори, откако претрпел лесна фрактура при пад во својот дом во Пленс, во сојузната држава Џорџија. Тој беше пуштен од болница неколку дена потоа.Поранешниот претседател во мај, исто така, во својот дом, ја скрши карлицата, по што мораше да биде опериран. Во 2017 година тој кусо време беше примен во болница заради дехидратација, додека во 2015 година му беше дијагностициран рак на кожата.а.
        
Картер беше 39-ти претседател на САД со еден мандат од 1977 до 1981 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Моралес доби азил во Мексико

Објавено пред

Мексико го одобри барањето на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес за азил, изјави синоќа мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Веднаш ќе го информираме Министерството за надворешни работи на Боливија дека, според меѓународното право, мора да му овозможи на Моралес слободно да излезе од земјата“, рече Ебрард.

Боливискиот претседател Ево Моралес пред два дена соопшти дека поднесува оставка за „доброто на земјата“ , откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.Моралес повика на итни разговори со опозицијата заради повеќенеделните немири кои ја потресуваат оваа земја.

Најавата за демисија од функцијата доаѓа откако командантот на боливиските вооружени сили Вилијамс Калиман апелираше до Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди мир во земјата. Вооружените сили на Боливија претходно соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет14 минути

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион40 минути

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија11 час

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет12 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија17 часа

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија18 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија18 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија19 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија19 часа

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија20 часа

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија22 часа

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет22 часа

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија22 часа

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Економија23 часа

Истражување: Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра за јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 отсто (од максимално можни 100 отсто) од критериумите за транспарентност, отчетност и...

Македонија23 часа

Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“ поради отсуство на поротничка што имала смртен случај. Судијата Огнен...

Европа23 часа

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница кога полицијата го фатила како под дејство на алкохол се...

Свет1 ден

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија1 ден

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Досие