Контакт

Свет

Иран сака пари од фондовите на ЕУ за трошоците околу бегалците

Објавено пред

Иранскиот министер Абдолеза Рахмани-Фазлирече на состанокот со високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, во неделата нагласил дека малата меѓународна помош не може да ги покрие сите трошоци на бегалците од Авганистан за кои во моментов се грижи Иран и дека ЕУ е обврзана да го преземе финансирањето, пренесува иранската полуофицијална новинска агенција МЕХР.

Иран е дом на околу три милиони легални и нелегални авганистански бегалци, тврди Рахмани-Фазли.

„Иран секоја година идентификува околу 7 000 нелегални авганистански бегалци и ги враќа во нивната татковина“, додаде Рахмани-Фазли. Би било разумно и другите земји, вклучувајќи ги и европските, да ја преземат грижата за овие бегалци неколку години“, рече Рахмани-Фазли и повика на заеднички состанок за состојбата на бегалците во Авганистан меѓу претставниците на ОН и европските власти.

Иран во минатото беше критикуван за третманот на Авганистанците кои бараат засолниште во земјата поради наводите дека воено ги обучува способните мажи и потоа ги испраќа како платеници во граѓанската војна во Сирија.

На крајот од 2015 година „Франс прес“ објави дека Иран ги уценува очајните шиитски авганистански бегалци кои пребегале во Иран и ги принудува да се борат со силите во Сирија лојални на Асад. Авганистанците во Иран, кого американскиот Стејт департмент во 2016 година го посочи за водечки државен спонзор на тероризмот, завршуваат како регрути на озлогласената ирачка гарда ИРГЦ.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Објавено пред

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на одобрувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина, изјави денес словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, пренесува Танјуг.

Бланар изјави дека Словачка сака да го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија сè додека не добие гаранции дека нафтоводот „Дружба“ ќе биде повторно отворен, објави порталот „Денник Н“.
Обраќајќи се пред членовите на Комисијата за европски прашања на словачкиот парламент, Бланар истакна дека Словачка сака јасна, транспарентна и проверлива декларација дека нафтоводот „Дружба“ ќе биде повторно отворен.

„Доколку нафтоводот „Дружба“ не е оперативен и ако одобрувањето на 20-тиот пакет е на маса, ние нема да го одобриме бидејќи немаме други алатки освен да го принудиме украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со Европската комисија, да го започне нафтоводот Дружба“, рече Бланар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека гасоводот „Дружба“ може да продолжи да работи до крајот на април по рускиот напад, но словачкиот премиер Роберт Фицо го доведе во прашање тоа тврдење.

Според Бланар, ставот на новата унгарска влада во процесот на формирање укажува дека е подготвена да ја поддржи отплатата на заемот кон Украина, која беше блокирана од унгарски премиер во заминување Виктор Орбан, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Објавено пред

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во вторникот објави дека Берлин и Киев постигнале договор за стратешко партнерство и понатамошно зајакнување на соработката во сферата на одбраната и обновата на Украина, според „Спутник“.

Шефот на киевскиот режим, Владимир Зеленски, изјави дека Берлин и Киев потпишале 10 договори, меѓу другото, за испорака на системи за воздушна одбрана.

„За овие цели веќе се потрошени околу 55 милијарди евра. Планирано е да се издвојат уште 11,5 милијарди евра во 2026 година. Дополнителен „бонус“ за Киев беше изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за намерата на Берлин да придонесе за враќање во татковината на украинските граѓани кои нашле засолниште во Германија, со цел да се обезбеди нејзината „одбранбена способност и територијален интегритет“, изјави Захарова.

Ваквите „подароци“ тешко дека биле бесплатни.

„За возврат, очигледно, од Зеленски бил побаран надомест во форма на заострување на мобилизацијата, што значи убивање на украински граѓани, преку намалување на старосната граница и регрутирање жени, како и овозможување пристап до природни ресурси. Договорот со Берлин за соработка во експлоатацијата на украинските минерални ресурси е постигнат за време на претходно споменатите „консултации“, рече портпаролката.

Според неа, договорите за оружје меѓу Германија и Украина претставуваат „смртоносна великодушност“.

„Таквата таканаречена смртоносна великодушност предизвикала нескриен ентузијазам кај Зеленски, кој ја нарече Германија „главен партнер“ во сферата на одбраната. Преведено на обичен јазик, Германија е главен партнер на Зеленски во испраќањето на граѓаните на Украина во сигурна смрт“, рече Захарова на брифинг за медиумите.

Захарова, исто така, рече дека Зеленски намерно ја претвора Украина во воен инструмент против Русија и дека е подготвен да фрли дури и деца во ровови.

„Зеленски го претвора украинскиот народ во воен персонал на украинската армија. Тој е подготвен да турне дури и деца во рововите“, истакна таа.

Прикажи повеќе...

Свет

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Објавено пред

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во лоша состојба и не ги одразува интересите на земјите-членки.

„Европската Унија е прекрасен проект, зборувам за проектот, тоа е прекрасна организација, но проблемот е што денес е во многу лоши раце. Раководството на Европската Унија воопшто не им служи на интересите на земјите-членки“, рече Фицо, според агенциите.

Тој оцени дека сегашните европски лидери немаат доволно ниво на меѓународно влијание, издвојувајќи ја шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Стразбур со супер пресврт против Мајнц, АЕК не успеа да приреди чудо

Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо...

Спорт6 часа

(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест

По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи...

Свет7 часа

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет7 часа

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет7 часа

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет7 часа

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет8 часа

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт8 часа

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт8 часа

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...