Контакт

Свет

Иран тврди дека Израел и САД „бараат“ војна

Објавено пред

Иранскиот министер за надворешни работи во неделата излезе со тврдење дека Израел „бара војна“ и предупреди дека израелското однесување и однесувањето на САД ги зголемуваат шансите за конфликт во регионот, пренесува „Ројтерс“.

„Секако, некои луѓе бараат војна … Израел”, изјави Мохамад Џавад Зариф пред учесниците на безбедносната конференција во Минхен.

Неговиот коментар дојде откако израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, зборуваше за заедничкиот интерес на Израел и арапските држави од војна против Иран – коментар подоцна објаснет како неточен превод на коментарите на Нетанјаху, кој наводно рекол „борба против Иран”.

Зариф рече дека Израел го крши меѓународното право со нападите во Сирија и ги критикуваше европските сили дека не прават ништо за да ги спречат Израел и активностите на САД во земјата.

„Ризикот [од војна] е огромен. Ризикот ќе биде уште поголем ако продолжите да ги игнорирате сериозните прекршувања на меѓународното право. Израелското однесување го трга на страна меѓународното право, однесувањето на САД го трга на страна меѓународното право“, рече тој.

Зариф ги осуди САД и поради нивната опседнатост со Иран.

„Долго време сме цел на нездрава фиксација, да речеме опсесија од САД“, посочи тој.

Минатата недела потпретседателот Мајк Пенс ги повика европските нации да ги следат стапките на Вашингтон и да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран. Зариф го критикуваше Пенс за арогантното инсистирање на Европа да им се приклучи на САД и да ја поткопа сопствената безбедност и да ги прекрши своите обврски, и ги критикуваше Франција, Германија и Велика Британија зашто не прават повеќе за зачувување на нуклеарниот договор.

Европа

(Видео) Поради силни турбуленции десетмина патници повредени на лет кон Базел

Објавено пред

Десет лица биле повредени откако авион од типот „Боинг” од АКЛ Ерлејнс, кој патувал од Приштина кон Базел, Швајцарија имал големи турбуленции, кои траеле од 20 до 25 минути пред слетувањето.

Инцидентот го потврдила за новинската агенција „20 минутен” портпаролката на аеродромот во Базел Вивиен Гаскел.

Според неа, авионот во кој се наоѓале 121 патник, слетал во 20.07 часот и 10 лица веднаш биле однесени во градската болница во Базел. Инцидентот се случил над Северен Тирол додека авионот се обидувал да ја заобиколи воздушната бура на само 30 минути пред слетувањето на аеродромот во Базел.

Читател за агенцијата „20 минутен” изјавил дека членови од неговото семејство кои биле во авионот му кажале дека од силните турбуленции и столиците излегле од место, а некои луѓе претрпеле сериозни повреди.На крајот, авионот успешно слетал во Базел, по што повредените патници биле пренесени во болница. Само два часа подоцна Боингот полетал во обратен правец.

Прикажи повеќе...

Свет

Аукциската куќа Сотби продадена за 4 милијарди долари

Објавено пред

Аукциската куќа ,,Сотби” (Sotheby’s) од Њујорк е продадена за околу 4 милијарди долари на француско-израелскиот бизнисмен Патрик Драхи, објави АП.
        
Во 2015 година, магазинот Форбс го проценил богатството на Драхи на 10,3 милијарди долари, односно тој е шеесетиот најбогат човек во светот. Тој е основач и главен акционер на телекомуникациската група Altice.

Прикажи повеќе...

Свет

На 96 години почина модната икона Глорија Вандербилт

Објавено пред

Глорија Вандербилт американска наследничка, модна икона и дизајнерка почина на возраст од 96, објави нејзиниот син кој е новинар во Си-ен-ен, Андерсон Купер.
        
Таа беше правнука на финансиерот Корнелиус Вандербилт, а нејзиниот живот беше застапен на сензационалните насловни страници на магазините уште од нејзиното детство, преку нејзините четири брака и три разводи. Таа беше единствената ќерка на магнатот Реџиндалд Вандербилт и неговата втора жена. Таа беше во центарот на скандалозна борба за старателство на 1930-тите и позната дизајнерка на фармерки во 1970-тите и 1980-тите години.
        
Ја започна својата кариера како театарска актерка и модел. Подоцна се сврте кон работата на моден дизајнер, во што беше многу успешна. Особено популарни беа фармерките со нејзиниот потпис. Постои, исто така, парфем којшто го носи нејзиното име.
        
Си-ен-ен објави дека таа починала во нејзиниот дом, а боледувала од рак на стомакот.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток6 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија6 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија10 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија12 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија12 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија13 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски14 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион15 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет2 дена

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие