Контакт

Свет

Иран ќе ја забрза атомската програма ако пропадне нуклеарниот договор

Објавено пред

Али Акбар Салехи, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран, во интервју за „Асошиетед прес“ жестоко ја нападна администрацијата на Трамп поради повлекувањето од нуклеарниот договор за Иран, познат како Заеднички сеопфатен план за акција, додавајќи дека одлуката на претседателот на САД да го стори тоа го ставила на губитничката страна.

Салехи, кој претходно летово предупреди дека Техеран ги зајакнува капацитетите за збогатување на ураниум, во вторникот рече дека иако Иран се надева оти нуклеарниот договор ќе го преживее повлекувањето на САД, иранската нуклеарна програма ќе излезе посилна од кога и да било, дури и ако договорот пропадне. Тој предупреди и дека последиците ќе бидат остри ако на иранските нуклеарни научници во земјата, кои често се цел на израелската разузнавачка служба во последните години, и понатаму бидат напаѓани. Иранските нуклеарни научници се соочија со повеќе од половина дузина обиди за атентат помеѓу 2007 и 2015 година; пет од нив беа успешни.

Во неделата „Ројтерс“ објави, цитирајќи ги иранските медиуми, дека Иран ја завршил многу напредната хала за изградба на модерни центрифуги во Натанц во централен Иран. Во јули Техеран објави дека ја завршил фабриката за ротори, што ќе ѝ овозможи на земјата да произведе околу 60 центрифугални машини IR-6. Салехи во тоа време истакна дека фабриката не ги прекршила условите на нуклеарниот договор.

 

Свет

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со среден дострел.

„Јасно е дека повлекувањето на САД не може да помине без наш одговор“, рекол Путин, пренесе ТАС.

Во меѓувреме, руските и американските власти ја пофалија заедничката соработка на двете земји во вселената, истакнувајќи дека е силна наспроти политичките тензии.

Директорот на „Роскосмос“, Дмитри Рогозин, и челникот на одделението на НАСА за истражување и операции, Бил Гестенмајер, денеска се сретнаа на конференција во Москва по повод 20-годишницата од Меѓународната вселенска станица.

Прикажи повеќе...

Регион

Шефот на Социјалдемократската партија во Романија смени шест министри

Објавено пред

Романската владејачка Социјалдемократска партија смени шест министри. Лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, сака да го зајакне управувањето со владата откако беше критикуван поради својот стил на владеење и поради корупција, пренесе АП.

За време на состанокот, партијата гласала за смена на министрите за сообраќај, економија, труд, култура, развој, спорт и комуникации.

Сојузничката на Драгнеа, Олгута Василеску, која била министерка за труд, сега е министерка за сообраќај, а другите сменети министри останале без функција. Министерот за одбрана, Михаи Фифор, претходно денеска поднесе оставка.

Покрај неа, оставка поднела и градоначалничката на Букурешт, Габриела Фиреа, која го обвини Драгнеа дека ја сака партијата на произволен начин.

Виорика Данчила стана премиерка во јануари, но со мали извршни овластувања, додека всушност владата ја води Драгнеа, кој не може официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа пак се закани дека ќе му ја укине акредитацијата на новинарот на Си-ен-ен

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со укинување на акредитацијата за известување од Белата куќа на новинарот на Си-ен-ен, Џим Акоста.

Откако Федералниот судија во петокот нареди да му биде привремено вратена акредитацијата на Акоста, Белата куќа му испрати писмо на новинарот на Си-ен-ен, во кое наведува дека донеле прелиминарна одлука да му се укине акредитацијата, кога ќе истече судиската наредба, пренесе АП.

Белата куќа тврди дека Акоста не ги испочитувал основните стандарди на неодамнешната прес-конференција за новинари, на која изби расправија меѓу него и Трамп и поради тоа му се укинува акредитацијата.

Минатата недела судијата донесе одлука од ограничена природа, со која на Акоста привремено му се враќа акредитацијата.

Во меѓувреме, Си-ен-ен ја тужеше американската администрација поради кршење на првиот и петиот амандман од Уставот на САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет10 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија12 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија12 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија15 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион15 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток16 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија16 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија16 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија17 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија18 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија18 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион19 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија20 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија21 час

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија22 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија22 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија1 ден

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт1 ден

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа2 дена

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Досие