Контакт

Вести

Ирачката војска ги нападнала челниците на џихадистите, вклучително и ал-Багдади

Објавено пред

Ирачките воздухопловни сили извеле напад врз куќа во којашто се смета дека бил одржан состанок на челникот на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади и борбените команданти, објави во понеделникот ирачката армија, без информации дали нападот бил успешен.

Ирачката армија во соопштението кое го пренесува Reuters наведува дека нејзините авиони од типот „F-16“ во саботата гаѓале објект во западен Ирак. Во истиот напа се бомбардиран уште три куќи во западен Ирак во кој се убиени 64 борци на Исламската држава, се додава.

Објавени се имињата на 13 команданти на Исламската држава за кои се тврди дека се убиени во тој напад, но на листата го нема името на Ибрахим ал-Самараи, поранешниот затвореникот во американскиот затвор Гвантанамо, попозната како Абу Бакр ал-Багдади.

Војската тврди дека ал-Багдади минатата седмица во конвој го напуштил сирискиот град Рака, досегашната неформална престолнина на неговиот ткн „калифат“, во регионот Ал-Каим, на ирачката страна од границата, за со своите команданти да разговара за „колапсот кој се одигрува во Мосул и за изборот на евентуалниот негов наследник“.

Ал-Багдади, според некои претходни извештаи, веќе неколкупати бил рануван. Неговото последно појавување во јавноста било ланскиот ноември, кога ги повика борците да го бранат Мосул, неговото последно урбано упориште во Ирак.

Ирачките сили помогнати од шиитските доброволечки единици од регионот и локалните племенски милиции, со поддршка на авијацијата на коалицијата предводена од САД, ја завршија првата фаза од ослободувањето на Мосул, иако беше ветено дека вториот по големина град во Ирак ќе биде ослободен од џихадистите до крајот на октомври. Во моментов тие го контролираат источниот брег од регата Тигрис кој го дело Мосул на два дела.

Ирачката телевизија al-Sumaria објави дека некои џихадистички команданти наводно му ја откажале послушноста на ал-Багдади поради загубите во во Мосул. Локални извори за телевизијата во неделата рекле дека дезертерите од редовите на џихадистите одбиле да учествуваат во самоубиствените бомбашки напади, кои ги наредил ал-Багдади.

Телевизијата цитира извесен Абу Абдрула ал-Шами, еден од челниците на џихадистите во Мосул, кој рекол дека ал-Багдади е неспособен да го одбрани градот и да возврати на нападите. Го критикувал дека Исламската дражва постојано губи делови од големата територија којашто ја зазема во офанзивата од летото 2014 година во Сирија и во Ирак./крај/мф/сн

Најново

Македонија6 минути

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија8 минути

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија15 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ22 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника27 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника34 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника37 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...

Црна хроника40 минути

Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска...

Црна хроника43 минути

Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот

Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава...