Контакт

Свет

Ирска активистка ги номинира Асанж, Сноуден и Челси Менинг за Нобелова награда за мир

Објавено пред

Ирската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир од 1976 година, Маиред Кориган Мегваер, ги номинира основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, како и дојавувачите Едвард Сноуден и Челси Менинг за Нобеловата награда за мир во 2021 година, пренесува „Ајриш тајмс“.

„Индивидуално, секој од нив даде безброј примери на храброст разоткривајќи ги незаконските активности на владите што предизвикаа милиони смртни случаи доведувајќи ги во ризик сопствените слобода и живот. Колективно, нивните животи на саможртва и несебичност претставуваат извонредни демонстрации за величественоста на човекот дух“, изјави коосновачот на организацијата „Пис пипл“ во нејзиното писмо до Норвешкиот комитет за Нобел.

Во моментот Џулијан Асанж се соочува со затвор до 175 години во САД ако биде осуден за сите 18 обвиненија против него, а на Сноуден му се заканува затворска казна од 10 години за откривање детали за американскиот масовен надзор.

Поранешниот воен разузнавачки аналитичар Челси Менинг, кој ги обелодени воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, во 2013 година беше осуден на 35 години затвор, но беше ослободен во 2017 година кога американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ја измени казната.

Менинг беше затворен повторно во март 2019 година откако одби да сведочи пред порота за поврзаност со Асанж, но уште еднаш беше ослободен минатиот март извлекувајќи се со парична казна од 256.000 американски долари.

Свет

(Видео) Снег во Сахара

Објавено пред

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено. Сепак, овие денови ситуацијата таму е поинаква.

Снег падна во пустината Сахара, а во Саудиска Арабија температурите се спуштија и до минус 2 степени.

На снимките се гледа снег кој ги покрива песочните дини во Сахара.

Алжирските овчари ги водеа своите овци низ снегот.

Снежните сцени сепак ги воодушевија Саудијците, кои меѓу другото во голем број се упатија кон пустината во регионот за да фотографираат. Во оваа област, температурата не паднала под нулата веќе 50 години.

Патем, снегот и мразот се многу ретки во пустините, но не и целосно невозможни. Температурата може значително да падне во текот на ноќта, но снегот обично се топи преку ден.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Објавено пред

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.

Неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите. Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални кои го чекаа на аеродромот во Внуково, а меѓу нив е и опозициската политичарка, Љубов Собољ.

Навални престојуваше во Германија каде се лекуваше поради наводното труење со отровот Новичок. За труењето тој ја обвини власта, а Русија негираше каква било вмешаност.

Нему од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.

Пред да се качи во авионот во Берлин, Навални рече дека се чувствува „многу среќен“.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Објавено пред

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав. Ова го истакна албанскиот премиер, Еди Рама, откако француската амбасада во Албанија го нарече анти-ЕУ поради неговите обвинувања за незантересираност на Унијата да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан.

Албанскиот премиер вели дека Франција направила грешка, вадејќи го од контекст.

Француската амбасада се огласи по вчерашната изјава на Рама дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.

Амбасадата порача дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен анти-ЕУ курс. Во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција. Наведоа дека Рама тргнал кон опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ кон Турција.

Според Рама, тоа што во Албанија стигнале 1.000 дози од пријателска земја е сепак за пофалба на владата, бидејќи Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. Во таа насока, албанскиот премиер синоќа истакна дека Македонија добила ветување од Бугарија дека ќе ѝ бидат донирани 100 дози од првата пратка кога ќе стигне кај нив, но до тоа не дошло.

„Македонија не започна со вакцинација. Требаше да почне, но не се случи и тоа не е вина на Македонија. Бугарија ѝ даде збор дека ќе ѝ даде 100 дози, но се уште не ѝ дала. Ако ги имаше, ќе ги употребеа“, рече Рама.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 минути

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет2 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион2 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Свет5 часа

Бродот што потона во Турција не бил руски туку украински, загинаа најмалку 4 лица

Шест лица се спасени, а четири загинаа кога украински товарен брод со 12 член екипаж потона денес крај брегот на...

Македонија6 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија6 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Економија7 часа

Одобрени 5,9 милиони евра за 506 компании преку Ковид 3 бескаматнaта линија

Одобрена е првата група барања од Ковид 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци...

Македонија9 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет10 часа

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт11 час

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион12 часа

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија12 часа

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија24 часа

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт1 ден

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија1 ден

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија1 ден

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија1 ден

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ1 ден

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа1 ден

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион1 ден

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Досие