Контакт

Свет

Ирски министер поднесе оставка зашто бил на вечера со 80 луѓе и ги прекршил мерките

Објавено пред

Ирскиот министер за замјоделство, Дара Калари, поднесе оставка кога било откриено дека минатата недела учествувал на свечена вечера, на која имало 80 луѓе, што е повеќе од тоа што го дозволуваат ирските мерки за собирања за време на пандемијата на коронавирусот.

Во Ирска се забранети собирања на повеќе од 50 луѓе.

Колку што е познато досега, на вечерата не бил забележан ниту еден случај на зараза, но скандал избувнал поради фактот што на вечерата учествувале многубројни високи функционери и со тоа ги прекршиле мерките за собирања.

Министерот Калари на „Твитер“ објави извинување, но наиде на жестоки критики, па беше принуден да даде оставка.

„Министерот за земјоделство поднесе оставка од функцијата. Одлуката веднаш стапува во сила“, изјавил неговиот портпарол.

„Во пресрет на ажурираните насоки на јавното здравство не требаше да присуствувам на тој настан. На сите им се извинувам. Исто така, изразувам искрено жалење и им се извинувам и на моите колеги во владата“, рекол Калари.

Тој на местото министер беше само 37 дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лидерот на северноафриканскиот огранок на Исламска држава убиен во Либија

Објавено пред

Лидерот на северноафриканскиот огранок на терористичката Исламска држава бил убиен во акција на Либиската национална армија (ЛНА) во јужна Либија, изјави извор на ЛНА за ТАСС.

Според извештаите од 15 септември, силите на ЛНА спровеле голема операција во јужниот град Сабха на околу 750 км оддалеченост од главниот град Триполи, каде што група радикали се засолниле во добро утврдена група куќи. Следела престрелка, која траела повеќе од шест часа. Како резултат на тоа, убиени биле девет милитанти и тројца припадници на ЛНА.

Меѓу убиените има еден државјанин на Египет, двајца Либијци, тројца жители на Саудиска Арабија и еден австралиски државјанин. Приведени се две жени кои ги придружувале екстремистите – државјанки на Египет и Либија. Изворот на ЛНА за ТАСС изјави дека идентификацијата и истрагата биле завршени минатата недела.

„Истрагата откри дека еден од убиените бил водачот на Исламска држава во Северна Африка, познат како Абу Абдулах ал-Ираки, ирачки Курд чие вистинско име е Абдулах ал-Рабие“, вели изворот, додавајќи дека екстремистот пристигнал во Либија преку Турција во 2014 година.

Следбениците на Исламска држава беа принудени да избегаат во неколку јужни области на Либија откако беа протерани од нивните поранешни упоришта Бенгази, Сирт и Дерна. Минатата година ЛНА спроведе голема воена операција во југозападните региони, насочена кон терористите, криминалните банди и опозициските групи во Чад. За неколку месеци, армијата ја врати контролата над клучните градови и нафтените полиња на југот на земјата.

Сепак, милитантите ги интензивираа своите напади откако ЛНА прераспредели дел од своите сили од југот на Либија во тековната офанзива против владините сили на Триполи.

Во моментов во Либија има две врховни извршни власти: меѓународно признатата Влада на национална спогодба (ГНА) со седиште во Триполи, на чело со премиерот Фајез ал-Сараџ, и привремената влада со седиште на истокот на земјата, заедно со парламентот, која е поддржана од Либиската национална армија (ЛНА) предводена од фелдмаршалот Калифа Хафтар.

Завојуваните страни се борат за контрола над главниот град повеќе од една година. Откако Хафтар започна со офанзива во април 2019 година со цел, како што рече, ослободување на градот од терористите, Владата на националниот договор се обрати до Турција за поддршка и во ноември 2019 година потпиша меморандум за воена соработка со неа.

Прикажи повеќе...

Свет

Амбасадорката на САД во ОН: Уште еден мировен договор на Израел во следните ден или два

Објавено пред

Уште еден договор за нормализација со посредство на САД меѓу Израел и арапска земја се очекува да биде потпишан во следните ден или два, рече американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, во интервју за „Ал-Арабија“ во средата.

„Нашиот план е да донесеме повеќе земји, за кои ќе имаме уште многу најави наскоро … Една земја ќе потпише во наредните ден или два. Ние сме многу возбудени и знаеме дека другите ќе следат и не сакаме да изолираме никого, туку да ги донесеме сите во надеж дека ова ќе им овозможи на иранските граѓани да видат дека луѓето навистина сакаат мир на Блискиот Исток и дека тие се дел од овој мир“, рече таа.

Мароко, Оман и Судан се промовираат како следни најверојатни кандидати за склучување мировни договори со Израел по историскиот Аврамски договор на потпишан од еврејската држава и Обединетите Арапски Емирати, како и Бахреин минатата недела.

Крафт изрази надеж дека и Саудиска Арабија ќе го следи примерот.

„Очигледно, ние би сакале Саудиска Арабија да биде следна. Но, она што е важно е да се фокусираме на договорот и да не дозволиме иранскиот режим да ја искористи добрата волја на Бахреин, ОАЕ или Израел.  Секогаш кога некој подава рака кон Иран, таа мора да биде упатена кон иранските граѓани“, рече таа.

Претседателот Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека за брзо време ќе следат повеќе мировни договори со Израел.

„Тие доаѓаат брзо и знаат дека тоа е одлично за нив и за целиот свет“, рече Трамп за време на своето обраќање на првото виртуелно Генерално собрание.

Трамп ги опиша таканаречените Аврамски спогодби, потпишани минатата недела, како значаен пробив на Блискиот Исток по децениите без напредок.

„Израел, ОАЕ и Бахреин потпишаа историски мировен договор во Белата куќа, а следат и многу други блискоисточни земји. Наскоро имаме намера да испорачаме нови мировни договори и никогаш не сум бил поголем оптимист за иднината на регионот. Во песокот нема крв. Тие денови се надевам дека завршија. Овие револуционерни мировни договори се зората на новиот Блиски Исток. Преземајќи поинаков пристап, постигнавме различни резултати – крајно посупериорни исходи “, рече тој.

Позајмувајќи од „тетратката“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека договорите претставуваат мир преку сила.

„Америка ја исполнува својата судбина како миротворец“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Столтенберг: И Турција и Грција се ценети сојузници, НАТО е платформата за дијалог

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговараа за ситуацијата во Источен Медитеран, пренесува „Анадолија“.

„Разговарав со претседателот Ердоган за ситуацијата во Источниот Медитеран и за тековните активности на НАТО за деескалација на конфликти со цел да се избегнат инциденти и несреќи.  И Турција и Грција се ценети сојузници, и НАТО е платформа за дијалог“, напиша челникот на НАТО на Твитер.

Грција со поддршка на Франција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз основа на малите грчки острови во близина на турскиот брег.

Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.

За да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија1 час

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија2 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура3 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион4 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ4 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија4 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија4 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија6 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа6 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија7 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа7 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет8 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет17 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет19 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет21 час

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет21 час

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија21 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие