Свет
ИСИС уби тројца провладини борци во ирачката провинција Дијала

Тројца припадници на ирачките Сили за народна мобилизација (ПМФ), поддржани од Иран, вчера беа убиени, а други петмина беа ранети во судирите со борците на ИСИС во североисточниот регион Дијала, пренесува „Мидл Ист ај“.
Групата преку соопштение објави дека борците од нивната 28. бригада се судриле со борци на ИСИС во Дијала и ги принудиле на бегство додавајќи дека за време на судирите тројца нејзини борци биле убиени, а други петмина биле ранети. Повеќе детали не се дадени.
Во меѓувреме, ирачки безбедносен извор рече дека двајца борци на ПМФ загинале, а други четворица биле ранети во сличен напад во покраината еден ден претходно.
Силите за популарна мобилизација се чадор-група за голем број милиции поддржани од Иран, кои се состојат претежно од шиитски групи. Во 2016 година нејзините борци беа вклучени во ирачката армија. Во 2017 година Ирак прогласи победа над ИСИС, но ќелии во мирување постојат во целата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел планира целосно отворање на економијата до 5 април

Израел планира целосно да ја отвори својата економија до 5 април, откако ќе бидат вакцинирани сите граѓани што ги исполнуваат условите.
Планот е да се отворат фабрики за производство на вакцини од страна на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ во Израел, откри премиерот Бенјамин Нетанјаху денес на конференцијата во Тел Авив.
Досега, Израел ги увезуваше вакцините на „Фајзер“/ „Бионтек“ и „Модерна“, а најмалку 50 проценти од населението во земјата со девет милиони граѓани добија една доза, пренесува „Ројтерс“.
Регион
Мерките во Хрватска се олеснуваат, се отвораат градини и спортски сали

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека, поради подобрената епидемиолошка состојба во земјата, некои мерки ќе бидат олабавени.
„Денес сме заедно со Данска, земја со најмала инциденца на земји во ЕУ во однос на нови инфекции. Добро е што е намален бројот на новоинфицирани и хоспитализирани, оние кои се на апарати за дишење, починати, оние во самоизолација“, рече Пленковиќ на владината седница.
Хрватскиот премиер најави отворање на терасите и овозможување работа на отворен простор, но со епидемиолошки мерки.
„Во однос на спортот, ќе се обезбеди обука во затворен простор“, рече тој.
Свет
Кина: Не земаме анални брисови за тестирање на коронавирус на американски дипломати

Кинеското Министерство за надворешни работи демантираше дека на американските дипломати им биле земани анални брисови на Ковид-19, откако медиумите објавија дека некои американски дипломати се жалат на оваа постапка, пренесува „Ројтерс“.
„Колку што ми е познато, од американскиот дипломатски персонал стациониран во Кина никогаш не беше баран анален брис за тестот на Ковид-19“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Зао Лиџијан на денешната прес-конференција, според агенцијата.
„Ројтерс“ пренесува дека американската медиумска онлајн платформа „Вајс“ го цитирала официјалниот претставник на Стејт департментот во средата дека ваквиот тест бил земен по грешка и дека Кина соопштила дека ќе престане да користи брисови за тестирање американски дипломати.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер