Контакт

Европа

Исланд подигна споменик во чест на исчезнат глечер

Објавено пред

Исланд официјално му подигна споменик на својот прв исчезнат глечер, жртва на климатското затоплување.

Окјокул, првиот целосно истопен глечер на островот, е симбол на предупредувањето на научниците за ефектите од климатските промени.

„Тоа е прв споменик подигнат во чест на глечер што исчезнал поради глобалните климатски промени“, рече Симен Ху, професорка по антропологија на Универзитетот „Рајс“ во Соединетите Држави, која го иницира подигнувањето на споменикот.

Со плочата на која со златни букви на исландски и англиски јазик е напишано „Писмо за иднината“ научниците се надеваат дека ќе ја истакнат опасноста од исчезнувањето на глечерите и ефектите од климатските промени.

Научниците се загрижени поради очекуваното исчезнување на 400 глечери на тој субарктички остров во рок од 200 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Маж избоден со нож во џамија во Лондон, уапсен е осомничен

Објавено пред

Маж е уапсен по нападот со ладно оружје во џамија во центарот на Лондон во кој едно лице е повредено, соопшти лондонската полиција.

„Еден човек беше уапсен на лице место и осомничен за обид за убиство“, соопшти полицијата, додавајќи дека 70-годишен маж е повреден во инцидентот.

Нападнатиот маж е пронајден со повеќе повреди кога пристигнала брза помош и е однесен во болница од каде се наведува дека неговиот живот не е загрозен, јави Би-би-си.

Според очевидци, нападнат е мујезинот кој ја предводел молитвата.

Полицијата не верува дека станува збор за терористички напад.

Прикажи повеќе...

Европа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Објавено пред

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е радикален десничар идентификуван како Тобијас Р.

По масакрот, полицијата го пронашла напаѓачот мртов во својот дом, каде што било пронајдено уште едно тело. Покрај неговото тело било пронајдено писмо, кое, како што објави „Билд“, било конфузно, но во него можеле да се забележат очигледни екстремно десничарски политички ставови.

Нападот се случи синоќа во два наргиле-бара во градот во близина на Франкфурт. Напаѓачот е германски државјанин.

Според првичните информации, некои од жртвите се Курди. Во текот на денот би требало да бидат познати повеќе информации, како и мотивот за нападот. Исто така, не е позната возраста на напаѓачот, ниту чие е телото што било пронајдено до него.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Кажав дека нема да се мешам во изборот за наследник

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да се меша во изборот на нејзиниот наследник на чело на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.

„Реков дека нема да се мешам во прашањето кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар“, рече Меркел на прес-конференција.

Крамп Карнбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ10 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ13 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија16 часа

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија16 часа

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија16 часа

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија16 часа

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион17 часа

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа17 часа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет18 часа

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија18 часа

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет19 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт1 ден

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет1 ден

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион1 ден

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион1 ден

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ1 ден

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија1 ден

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија1 ден

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ1 ден

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Досие