Европа
Исчезна скулптурата на фалус од планината Грунтен во Германија

Германската полиција почна истрага за исчезнувањето на необичната скулптура на фалус од планина во Баварија, јавуваат локалните медиуми.
Дрвената скулптура на фалус висока два метра, по сè изгледа, е исечена за време на викендот, според локалниот весник „Алгаеуер цајтунг“.
Скулптурата со години ја красела планината Грунтен, југозападно од Минхен. Не е познато кој ја изработил и поставил скулптурата, но со текот на времето станала еден од заштитните знаци на планината Грунтен, која со висина од 1.738 метри привлекувала бројни планинари.
Скулптурата била обележана како споменик на културата дури и на „Гугл мапс“.
Никој не може ни да објасни како фигурата на фалус тешка 200 килограми се пренесуваше по угорнина. Една од теориите што ја цитираат некои германски медиуми е дека станува збор за несакан подарок за роденден, направен од група момци за да се пошегуваат со пријател. Кога подарокот бил одбиен, тие со помош на носач на тркала го одвлекле на планината.
Скулптурата никој не ја поместил со години, а потоа викендов се покажало дека исчезнала.
Баварската полиција објави дека започнала истрага, јавува германската агенција ДПА, но не се сигурни што ќе сторат доколку го пронајдат сторителот.
„Не сме сигурни дали ова е кривично дело или не“, рече портпаролот на полицијата. Тој додаде дека полицијата има тешкотии да утврди кој е оштетениот бидејќи не е познат сопственикот на скулптурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Хакери украле документи од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините против Ковид-19

Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, изменети и потоа објавени на Интернет, јави ДПА.
Документите вклучуваат доверлива е-пошта, во која се прават проценки за вакцините.
„Некои од мејловите се манипулирани од крадците за да се наруши кредибилитетот на вакцините“, соопшти агенцијата.
Во декември, компјутерски криминалци упаднаа во компјутерскиот систем на агенцијата и добија документи кои им припаѓаат на производителите на вакцини Фајзер и Бионтек.
Не е јасно каде се објавени документите, а непознати засега се и идентитетот и мотивите на хакерите. Истрагата е во тек.
Агенцијата ги проценува вакцините и лековите пред да ги препорача на Европската унија за одобрување.
Европа
Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Илјада и еден делегат на германските демохристијани денеска избираа нов претседател на партијата – на првиот виртуелен конгрес.
Како што пишува „Дојче Веле“, партискиот конгрес не е официјално за наследник на Меркел на местото германски канцелар, туку само за претседател на ЦДУ. Но, имајќи предвид дека демохристијаните се убедливо најсилната партија со месеци, како што покажуваат анкетите, автоматски се поставува прашањето за кандидатот на канцелар: кој и да е шеф на ЦДУ, треба да биде погоден и за канцелар.
Во трката за прв човек на партијата беа и поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.
Изборот на Лашет веројатно би значел продолжување на политиката на Ангела Меркел. Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија подеднакво силно ја поддржа канцеларката во нејзината политика за миграцијата и во отворањето кон левиот политички спектар. Можеби тоа е причината што Меркел јасно стави до знаење дека го фаворизира Лашет.
Европа
ЦДУ го бира наследникот на Меркел

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го избере нејзиниот наследник.
Во трката за прв човек на партијата се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.
Потпретседателката на партијата, Силвија Брехер, истакна дека очекува по собранието сите во ЦДУ да застанат зад избраниот кандидат и да придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија.
Собранието на ЦДУ требаше да се одржи во декември, но беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира