Контакт

Свет

Италијанската „Википедија“ недостапна во знак на протест против најавениот закон за авторски права во ЕУ

Објавено пред

Италијанскиот разгранок на „Википедија“ денес беше пријавен како недостапен за корисниците на интернет во знак на протест на неговите автори и соработници против предложената реформа на регулативата на ЕУ во врска со законот за авторски права на интернет, пренесува „Спутник“.

„Ова е можеби нашата последна шанса. Помогнете ни да ги зачуваме авторските права во Европа“, е прикажано на црн банер, кој се појавува ако се обидете даја отворите италијанската верзија на „Википедија“.

На 26 март Парламентот на ЕУ ќе спроведе гласање за новата регулатива за авторски права. Предложените директиви, член 11 и член 13, наводно, ги ограничуваат правата на интернет-корисниците и креаторите вклучувајќи ги и оние што придонесуваат за „Википедија“, тврдат италијанските администратори на „Википедија“.

Протестот доаѓа еден ден пред Европскиот парламент да гласа за член 11 и член 13 – регулатива што,  наводно, ги ограничува правата на онлајн-креаторите на интернет преку построги правила за авторски права.

Според членовите на италијанската „Википедија“, членот 11 им овозможува на издавачите да ги ограничуваат вестите и ширењето на насловите на веб-страниците што ги поседуваат други корисници, а членот 13 ќе овозможи автоматско блокирање на соработниците ако не бидат прифатени од претставници на индустријата за авторски права.

Италија не е единствената земја членка на ЕУ што го покажа својот бес кон реформите за авторски права предложени од Брисел. На 23 март германскиот медиум ДПА објави дека десетици илјади луѓе се собираат за масовни митинзи против планираните промени во законот на ЕУ во многубројни германски градови.

Италијанската „Википедија“ беше лансирана во 2001 година, а првите објавени статии беа за Данте, Петрарка и други писатели на класичната литература.

Свет

По падот на Исламска држава, во Мосул повторно отворени продавници за алкохол

Објавено пред

Две години откако ирачките сили го презедоа градот Мосул од Исламска држава, малите продавници за алкохолни пијалаци повторно ги отворија своите врати, а отворени се и нови.

Муштериите купуваат шишиња или лименки со алкохолни пијалаци кои потоа ги ставаат во црни пластични кеси или пак течноста ја префрлаат во пластични шишиња без етикета.

Во ирачкиот град Мосул, пред нападот на Исламска држава во 2014 година, чиј самопрогласен калифат се протегаше до соседна Сирија, живееја околу два милиона луѓе. Мосул под власт на ИСИС беше три години.

Производи како алкохол и цигари, врз основа на строгите правила на таа милитантна група, беа забранети, а продавниците кои ги продаваа беа запалени и уништени.

Сопственикот на продавница за алкохол, Немат Хасан, изјавил дека ИСИС ја запалил неговата продавница во градот. „Имав стока вредна повеќе од 40.000, а се изгоре“, рекол Хасан.

Откако градот повторно е под контрола на ирачките сили, некои од граѓаните одлучија да се вратат во остатоците од своите домови и да ги обноват своите продавници. Хасан повторно ја отворил својата продавница и вели дека досега немал никакви проблеми.

„Сега нема никакви проблеми, фала му на Бога. Немаме закани од никакви групи, нема никакви проблеми во Мосул“, додал трговецот.

 

Прикажи повеќе...

Свет

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот во Кремљ, Јури Ушаков. Светските медиуми пишуваат дека оваа средба се случува во време кога Северна Кореја бара нова меѓународна поддршка во преговорите со САД.

„Нашиот претседател в четврток ќе разговара со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун“, изјави Ушаков за новинарите.

Оваа средба, прва меѓу двајца претседатели, е клучен настан во билатералните односи меѓу двете земји, додаде Ушаков.

Официјалната севернокорејска агенција КЦНА објави дека Ким наскоро ќе ја посети Русија на покана на претседателот Путин.

Според информациите во некои медиуми, состанокот ќе се одржи во Владивосток.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Премиерот на Шри Ланка јавно откри: Можеше да се спречат бомбашките напади

Објавено пред

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за нови детали во врска со терористичките напади на Велигден во кои загинаа најмалку 320 луѓе, меѓу кои и 45 деца.

Одговорноста за овие напади ја презеде Исламска држава. Сепак, иако тие тврдат дека се одговорни за експлозиите, не понудија никакви докази за тоа. Веста дека организацијата ја презема одговорноста за крвавите инциденти ја објави „Амак“, новинската агенција на терористичката мрежа.

„Слушнавме дека Исламска држава ја презеде одговорноста. Обуката и координацијата на терористите беше таква каква што не сме виделе никогаш досега“, рече Викремесинге.

Сепак, премиерот потврди дека нападите можеле да бидат спречени.

„Можевме да ги спречиме овие напади, или барем да влијаеме да бидат од помали размери“, рече 70-годишниот Викремесинге.

Според агенцијата „Ројтерс“, разузнавачите од Шри Ланка биле предупредени за можни бомбашки напади неколку часа пред експлозиите. Индиски разузнавачи ги контактирале своите колеги од Шри Ланка два часа пред првиот напад за да ги предупредат на конкретна закана насочена кон црквите во земјата, изјавиле извори од одбраната на Шри Ланка и од индиската влада.

Сите уапсени кои се поврзани со нападот имаат државјанство на Шри Ланка.

Во врска со тоа дали нападите се одмазда за масакрот во џамиите во Нов Зеланд, премиерот на Шри Ланка одговори:

„Можеби се, но не можеме да тврдиме со сигурност“.

Идентитетот на повеќе бомбаши-самоубијци е веќе познат, но не на сите. Според најновите информации, двајца браќа муслимани учествувале во самоубиствениот бомбашки напад во ресторан на хотел.

Викремесинге потврди дека бил планиран и четврти напад врз друг хотел, но терористите не успеале да го спроведат.

Досега во врска со нападите се уапсени 40 луѓе, а во земјата е воведена вонредна состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет4 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија5 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ5 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ5 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија6 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија7 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет7 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион8 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет8 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет9 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ19 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа22 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201923 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет24 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20191 ден

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Досие